Светиот Синод на Македонската Православна Црква го свикал Третиот црковно-народен собор на 17 јули 1967 година во Охрид.
Иницијативниот одбор за организирање на Македонската православна црква на 23 јули 1958 година, заедно со целокупното свештенство донел одлука за свикување на Вториот македонски црковно-народен собор.
Првиот македонски црковно-народен собор се одржал во Скопје на 4 и 5 март 1945 година. На овој Собор зеле учество повеќе од 300 делегати - свештеници и мирјани.
Јурисдикцијата на Македонската православна црква - Охридската архиепископија по распаѓањето на Душановото царство била разделена во повеќе деспоства меѓу кои и кралството на Волкашин во кое влегувало и седиштето на Архиепископијата, градот Охрид.
Набивањето на колец е најстрашната казна која Османлиите ја применувале обично кон ајдуците, востаници или разбојници.
Триандафил бил родум од Загора, а Спасо од Радовиш, епархија Струмичка.
Нарсес е името на Ерменецот кој од роб стана еден од најголемите и најуспешни војсководци и државници на Византија. Нарсес (472-568, по др. извори 478-573 год) доаѓа на дворот на Јустинијан I како роб, но како миленик на царот, се издига на највисоките дворски должности.
Филип II Македонски се обидувал да го освои градот Визант кој единствен останал неосвоен од него. Една облачна ноќ бил на самиот праг да го освои.
Римската легија (“Legio”) во времето на кралевите, била целата римска војска.