Ја почнавме битката за името на нашата земја, земјата од чија пепел и прав сме настанале.
Таа земја е пепелта и правта од нашите предци, квасена со реки крвје и солзи,
газена, месена и сушена под копитата и палежите на ордите ѕверје што протатнеле.
Таа земја е и со пот месена во тули и слама која ја родила за топлите одаи, стаи
и стреи на домот од нашиот прадедо, за да го роди и израсни нашиот дедо, тој пак
нашиот татко а овој пак - нас.
Ете во оваа земја со име Македонија и ние како една минлива
временска ништожност ќе се слееме на крајот - во бескрајната пепел и прав од сите
наши предци. И затоа таа не се гаври и плука, таа не се подарува некому туку така
уште пак помалку да се преговара толку лесно за нејзе или да се ќути кога некој
удира по неа.
Затоа сме тука - почнавме, токму ние кои ги пишуваме овие
редови, сме рожбата нејзина, ние сме нејзиниот глас но и нејзината тупаница. Пишуваме
не од арно или од што отповеќе време имаме во оваа општа светска итаница - Не!,
пишуваме оти не престануваат негаторствата и хистеријата во грабежот на се што е
македонско – историјата, душите, територијата,... името. Не само што не престануваат,
тие се разжестени како никогаш, отворете кој сакате сајт, медиум, дури и производ
и ќе видете - залепиле наш историски лик и име.
Низ времињата кога сме биле робје, уништиле, фалсификувале и украле
документи, артефакти и културно-материјални блага од македонскиот народ. И денес
фрлаат реки пари за отк(о)упување материјални и археолошки докази од кај нас и низ
светските управувачки елити.
Но колку и да крадат, фалсификуваат и изнесуваат, не можат - се, културно-историската
ризница ни е неброена. Дури запретале една јама, се појавиле нови, се дури не стане
голема во која ќе пропаднат со се злоделата.
Во ова информатичко и образовано општество не поминуваат старите им трикови, нити
може да остане тајна неоткриена. Нашите негатори се во трагикомичниот лик на царот
Трајан со козјите уши, кој ја закопа тајната во земја. И како што тогаш од запретаното
изникнаа трски од кои секој нов кавал свиреше едно те исто – вистината за царот
Трајан, така сега и негаторите од сите страни слушаат исто – вистината за нивните
лаги и маани.
И нашата земја ги открива закопаните тајни наспроти лагите кои ги шират. Само
што почна да се расчепкува, излегоа македонски кралски гробници со маски, печати,
гардисти, оклопи, штитови, кочии, излегоа цели престолнини, божества, митски летачи
и што ли не, а што некои тврдеа дека е нивно. Во Македонија се ковани и милиони македонски
монети, нема локалитет низ Македонија од каде не излегол броен доказ за тоа, но
се наоѓаат и мноштво туѓи монети што ја докажува ширината на трговијата и размената
на Македонија со целиот тогашен познат свет.
И се што е на површината во вид на урнатини, бедеми, цркви и епитафи и сл. записи, но и се што патеписци, државници и туѓи архиви собрале и напишале на жалост
од негаториве – си стои. Особено за нивните ѕверства, пропаганди и црнила со кои
не завиле.
За сето тоа и особено вистината наша македонска, вреди да се бориме, што
и да мудруваат и превземаат ние сеедно ќе се бориме за овие вредности, а оваа е
борба во која предавање – нема.
"Нема да поминат":
- Се дури целиот хоризонот е сликата наша!!!
- Се дури умот наш мисли за земјата наша!!!
- Се дури срцата наши пулсираат течност - боја на знамето наше!!!
- Се дури градите наши го дишат воздухот од шумјето наши!!!
- Се дури слухот наш го слуша јачот на тагата од песните наши!!!
МАКЕДОНИУМ
Голема благодарност до:
- „Баги комуникејшн“ и групата „Синтезис“ за отстапената музика за проектот
- МАНУ за отстапените книги и материјали
- Соња за преводите на англиски
- Орданче за скенирањето на фотографиите
- Стојче за фотографии и текстовите
- Ѓоко за публикувањето на текстовите
- Гоце за текстовите
- Гоце за текстовите на англиски и македонските клипови
- Горан за материјалите од религија
- Иле за книгите и фотографиите кои ни ги отстапи
- „Антигонеа“ за техничката поддршка
- Пепа за преводите на англиски
До сите оние кои сакаат да помогнат и го поддржуваат МАКЕДОНИУМ.