Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 9383
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
За Македонија > Општи информации > Македонски времеплов
Март
Сподели на Facebook

Настани кои се случиле низ времето поврзани со Македонија и Македонците.

05.III.1946 год. во Битола умре Милтон Манаки, прв македонски и балкански филмски снимател. Првите снимки ги направи во 1905 год. Роден е во с. Авдела, Костурско, во 1880 год.

05.III.1993 год. се урна авионот “Фокер 100” на Македонската авиокомпанија “Палер Македонија”, веднаш по полетувањето од аеродромот во Петровец кај Скопје, на 400 м. Од пистата. Од 91 патник и членови на екипажот загинаа 80.

12.III.1881 год. во Солун е роден Мустафа Кемал, познат како Кемал Ататурк, турски државник и татко на модерна Турција.Учесник е во младотурската револуција која ја поведува и чиј е креатор и организатор. Со чинот на бегството од Битолската касарна заедно со 17 други турски офицери-младотурци, ќе го започне својот пат кон целосна модернизација на дотогаш заостанатата и длабоко сеуште во феудалните односи турска држава. На овој пат ќе има помош и од македонскиот народ со неговите водачи особено во првите години на неговата револуција.

15.III. 1894 год. во куќата на Христо Татарчев во Ресен е оддржано советување на водачите на ТМОРО. Раководители на состанокот се Даме Груев и Пере Тошев и донесени се значајни одлуки за понатамошното дејствување на Организацијата. Како прво советување се смета за значајно предилинденско заземање стратешки позиции.

15.III. 1897 год. во с. Кономлади, Костурско, Егејска Македонија е роден Стојан Христов Американски писател, новинар, сенатор, војник – Македонец по род. (опширно на сајтов под неговото име)

15.III. 1911 год. во с. Крушаре Ениџе-Вардарско, загина македонскиот војвода Атанас Петков Терзиов , борец за национална слобода на македонскиот народ. Роден е во Солунското село Бојмица во 1870 год.

22.III.1996 год.  МАНУ е примена за член на Асоцијацијата на Европски Академии.

25.III.1611 год. роден е Евлеја Челебија, за нас важен и значаен турски патеписец и како таков извор за состојбите условите и историските случувања по селата и градовите на Македонија. Тој води и воени белешки но и копа по тогашните зачувани стари архиви при што пишува обемен патепис не само за Македонија но и за повеќето балкански земји и народи. Од неговите патувања и истражувања оставени и собрани се 10 тома скапоцени факти за целокупниот живот од XIX век но и многу пред тоа.

25.III.1860 год. Григор Прличев за својата маестрална поема “Сердарот “ во Атина добива Ловров венец во конкуренција со други бројни автори.

25.III.1884 год.
во с. Селци, Дебарско роден е Арсениј Јовков, македонски револуционер, општественик и публицист, учесник и во Илинденското востание за кое пишува и посебна поема. Развива широка публицистичка дејност среде бројната македонска емиграција во Бугарија каде е еден од покренувачите на значајното списание “Илинден“ во јуни 1921 год. Но постојано му се зад петици и го следат бугарските агентури и власти пред кои вешто ја прикрива и маскира вистинската дејност и цел на списанијата и поезијата како оддржувач на духот од македонскиот народ. Сепак Бугарите не можат повеќе да се надмудруваат и кукавички го ликвидираат нивните слуги и платеници во 1924 год., (претходно и официјално го забрануваат весникот “Илинден “ на 15 октомври 1923 год). Свирепото убиство врз Јовков е извршено во Горна Џумаја (денес Благоевград) на 14 септември 1924 год.

27.III.1992 год. Република Македонија ја презеде контролата над целата своја територија со своја војска сосатвена од рзервниот состав на ТО на Мкаедонија како и приапдниците на МВР. За ова е потпишан Договор во Скопје од страна на Претседателот на Република Македонија, Киро Глигоров и Генералот на ЈНА Никола Узелац. Со овој чин, всушност од Република Македонија, си замина и полседниот војник на ЈНА.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 11845 пати
Просечна оцена од посетителите
 4 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

среда, 04 декември 2024
Моментно посетители: 34

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Најраните почетоци на кино културата во Македонија
--------------------------------
 Најстрашниот и најразорен земјотрес во Македонија
--------------------------------
 Дисциплината кај војската на Македонците
--------------------------------
 Најславниот антички пат врви низ Македонија
--------------------------------
 Времената мерка - “Овнов рог”, или половина век
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: