• “Еpoche” - метод “одложување на судот“ – метод на одложување на несуштинските модалитети во присуството на напоимливата вистина.
• Закон на идентитетот –
М е М,
М е само М и М ќе остане М за вечност (Павле Флоренстки, “Столп и утверждение истини“, 1908, глава III – “Сомнение“).
• Целта на љубовта е – двајца да станат едно (“finis amoris ut duo unum fiant”). Таков е погледот на себеси во Бога, низ другиот.
• “Тelos” - довршувањето на историјата.
• Парусија (“Parousia”) – Второто јавување-доаѓање на Христа и неговот царство.Израз појавен само кај Јустин Маченик во “ Прва апологија“(гл.52) и во “Дијалогот со Трифон “(гл.32, 52).
• Харизма (“Charisma”) – “особен духовен дар”. Даровите и харизмите на Духот го определуваат и се нормативни за психичкото и физиолошкото. Жената не е мајка затоа што нејзиното тело е способно да раѓа, туку овие физиолошки и анатомски способности се изведуваат од нејзиниот мајчински дух. Слично, мажот е помажествен и физички посилен, бидејќи во неговиот дух постои нешто што кореспондира на “ насилието“, за кое ни зборува Евангелието.
• Жена “orans” – во античката уметност особено македонстичката има претстава на жена која богослужи, обично прикажана со раширени раце, во став на молитва. Во ранохристијанската уметност, терминот исто така укажува на лик во источниот став на молитва, со рацете отворени.
• Духоносна љубов ( “Pneumatophoros”- “Духоносец“). Укажува и на личност која е соединета со Духот, значи “света “.
• “Kairos” – определено време, крајно време
• “facticite” – историска извештаченост.
|