Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 9388
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
За Македонија > Единствено во Македонија > Дали знаете дека?
Македонците и мечот
Сподели на Facebook
Мечот (lat. "gladius","ensis","spatha"; engl. "sword"; franc. "glaive", "epee"; ital. "spada"; germ. "Schwert, "Degen"; рус. "меч") е сечно и бодежно ладно оружје на пешадинците и коњаниците.
Галскиот меч parazonium
Се јавува уште од пронаоѓањето на металот и се изработува од бронза, железо и челик. Се состои од сечиво и држач (балчак). На сечивото се разликуваат: острица, врв, жлеб (крвна бразда за истекување на крвта),телучок - кај едносеките мечеви и корен. За разлика од сабјата, сечивото е право и најчесто е со две острици (двосечно). Мечот со тап врв е за сечење и ударање а со шилест врв е и за бодење. Сечивото се завршува со корен на кој е дршката. Самиот, пак, држач (балчак), се состои од пократка или подолга дршка, јаболчница и валчеста, тркалезна или призматична накрсница. На држачот (бачлакот), може да биде прицврстен и штитник во облик на корпа од различен облик.

Мечевите се со различни должини: од 0,22 до 2 m.; пократките за убоди се повеќето од порано а подолгите за убоди и сечење од подоцнежно потекло. Мечевите се држат во корици од дрво, однадвор обложени со кожа, а се носат и за појас, преку раменици или на коњот.
 
Историски, мечот најрано се јавува во средното бронзено време т.е средината на 2-от милениум п.н.е; им бил познат на народите од средна и југозападна Азија, Египет и Европа. Забележано е дека уште Сумерците се борат со мечеви а кај Критјаните покрај тоа што мечевите им се главно оружје, истите се долги, тенки и украсени. Кон крајот на 2-от милениум и почетокот на 1-от, во Европа но и Кина се појавуваат подолги бронзени мечеви а Арабјаните од околу 1500 год. п.н.е започнуваат со изработка на прочуените железни мечеви со железо увезено од Индија. Во Галија е употребуван краткиот бронзен меч од 45 см. наречен "parazonium". Во 1-от милениум се јавува подолг железен "Халштатски" меч (според Hallstatt во Австрија), кој е со јаболчница во облик на ѕвоно.


Железен "Халштатски" меч од Австрија

Кога Македонците историски се среќаваат со мечот како ладно оружје?

Имено, како што може да се забележи од "Илијадата", тие со мечот помасовно како да се среќаваат дури во Тројанската војна, при судирите со Грците (таму Ахајци и Данајци) и нивните јунаци, но на своја штета, зашто дотогаш изгледа не го користеле или не сакале да го користат помасовно. Како што се забележува од описите во "Илијадата", Македонците особено милуваат да се борат со долги јасенови копја и стреливи лакови (Македонците од Пеонија, учесници во оваа војна, во "Илијадата" се и со епитетот "криволаките Пеонци"), со кои особено биле вешти.

Така, дури и најголемиот јунак од Ахајците, Ахил, двапати е рушен од јунакот од Македонија, Астеропај - синот на Пелагон, ранет е и само среќа го спасува од смрт, но неговата предност ќе се покаже во директниот судир кога ќе се борат гради в гради. Ахил во крајниот миг, веќе паднат под Астеропај, итро ќе го извлече мечот од под бедро, оружје кое изгледа не го поседува јунакот од Македонија (и не само тој но ниту за еден друг од Македонците не се споменува мечот како дополнително оружје) и ќе му го зарие во стомак на Астеропај (првиот водач на Пеонците, Пирајхме, загинал уште на коработ среде една од битките, погоден од Патроколо со копје).


Според Илијадата мечот е божје дело, дар за Ахил заради што тој ќе посее толку смрт среде јунаците од Македонија

Но и другите споменати јунаци од Македонија ("од родот на Аксиј [Вардар]" кој jа плавел плодната Пеонија), и кои се нашле во близина по убиството на Астеропај, Ахил ќе продолжи во директен судир да ги убива со мечот. При ова, од мечот на Ахил паѓаат: Терсилох, Астипил, Мидон, Трасиј, Мнес, Ајнеј и Офелест. За овој пир на Ахил со мечот по овие Пеонци, "Илијадата" вели:

" ...Тој по Пеонците после, по бојните коњици, пошол,
што покрај вирната река растурени уште си биле,
штом си го вишле најарниот свој дека в лутата борба
соборен паднал од мечот под рацете силни на Ахил.
Овој Терсилоха потем, Астипила, Мидона ги убил,
потоа Трасија, Мнеса, па Ајнија и Офелеста;..."


Мечот, всушност, "Илијада" го воздига како некакво штотуку создадено оружје, кое ете дури човек ниту можел да го создаде, па е божјо дело. Така, ова чудесно оружје, лично го изработува олимпискиот мајстор и самиот бог-ковач Хефајст а по налог на врховниот Ѕевс и молба на богињата Тетида, заштитничката на Ахил. Со внесувањето на божјата димензија за мечот, како да се оправдува толкавото сеење смрт и таквата негова надмоќ над другите оружја. Всушност, мечот и навистина е надмоќно ладно оружје но при борба гради в гради, за разлика од долгите копја, лаковите и другите стрелива, кои се надмоќни при борба на отстојание.

Римскиот меч гладиус кој го носеле легионерите засекогаш ќе ја реши судбината на ерата на македонизмот по битката кај Пидна во 168 п.н.е

Македонците од многу подоцна, повторно, мечот ќе ги реши засекогаш како некаква дотогаш доминантна сила а по трите војни со Рим. Имено, тогаш форсирањето на најразличните оружја за битки на отстојание, при што не се само продолжените копја на фалангата, но и опсадната техника, тешката и лесната коњица и.т.н, недавањето вистинско внимание на мечот, пак ќе го почувствуваат како свој нов хендикеп. Тоа особено ќе се увиде при последната битка на Пидна од 168 год. п.н.е, кога македонскиот крал Персеј и покрај бројните свои сили и стратегиски првични добри позиции и предност, битката ќе ја изгуби при борба гради в гради, кога заради ридчестиот терен, во македонската фаланга ќе се создадат мали празнини во кои лесно се уфрлаат римските легионери. А тогаш, краткиот меч со кој секој легионер располагал, ќе се покаже кобен за Македонците, кои се опремени со гломазна опрема од долги копја и штитови. Особено тешките македонски фалангисти, тогаш буквално се исклани во голем број. Со ова, токму мечот ќе и ја запечати судбината на Македонија и епохата на македонизмот како дотогаш најголема сила и доминација на стариот свет.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 8816 пати
Просечна оцена од посетителите
 5 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

петок, 06 декември 2024
Моментно посетители: 132

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Деветте Музи се од Македонија.
--------------------------------
 Македонците и воената кола, двоколка
--------------------------------
 Антите како Словени
--------------------------------
 Св. ап. Матиј
--------------------------------
 Битката и Македонците во антиката
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: