Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 9384
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
За Македонија > Единствено во Македонија > Дали знаете дека?
Поход на Печенезите во Македонија и нивниот крај
Сподели на Facebook
Печенезите се номадски народ од турско потекло. Во VIII век ги населувале долните теченија на реките Волга и Урал, во IX век тие надирале кон Црно Море, а во X век загосподариле со пространата степска област помеѓу устието на Дунав и Дон.
Печенезите биле собрани во13 племиња на чие чело од секое стоел кнез а над сите заедно, главен кнез. Печенезите ги контролирале трговските патишта од Русија кон Крим и Византија. Прв пат ги напаѓаат Русите во 915 год., а Киев ги одбива нивните наезди од 968 год. и 1036 год. но подоцна стапуваат во руската коњица како наемници. Потиснувани од Русите, Куманите и Узите, Печенезите во 1048 год. го преоѓаат Дунав и во битката кај Доростол (Silistra) во 1088 год., му нанесуваат тежок пораз на византискиот цар Алексеј Комнен (Alexios Komnios), а потоа тргаат кон Македонија.


Територијата на Печенезите (Pecheneg khanates) 1015 година

Продорот низ Македонија е брз, пљачкосуваат се до Филипол кого го завземаат. Не само тоа но Печенезите и две години подоцна уште пљачкосуваат низ Македонија, а оттука и низ Бугарија и Тракија. Стационирани на овој простор од Македонија и Одринско продираат и до самите ѕидини на Цариград кого го опсадуваат. Шансата ја здогледува и селџучкиот емир Чаха (Tzachas), па во сојуз со Печенезите го напаѓа уште помасовно Цариград кој само чудо уште го оддржува неосвоен.


Во опсадата на Цариград, Печенезите ги помага и селџучкиот емир Чаха

Јован II Комнен Палеолог, конечно ги поразува Печенезите
Византија приморана со големи поткупи и ветувања за нови, ги ангажира Куманите кои и претекнуваат на помош и во последен час го спасуваат Цариград. Но борбите со Печенезите продолжуваат па се поразени дури во 1091 год., но се разбира нивната омраза кон Византија не стивнува. Печенезите водат нови и нови војни повеќе или помалку успешни но при нивниот последен упад од 1122 год. царот Јован II Комнен дефинитивно ги поразува на бојното поле во Тракија. Свесен дека ќе има повторни неприлики со борбените Печенези, царот Јован II Палеолог трга со стратегиско конечно нивно отстранување од историската сцена. Така најпрвин заробените Печенези ги раселува на најразлични краишта од царството каде ги меша со тамошни жители, друг дел од нив како воен контигент го расцепкува во византиската војска низ најразлични родови и единици а остатокот се меша понатаму главно со азијатски народи (монголо-тарски племиња како Кумани, Бугари и др.).

Царот Манојло Комнен пак се судира со Печенези есента 1150 год. при походот на Србите на кои унгарскиот крал им праќа помош во војска составена од Печенези (во Унгарија наречени “Bisseni”). Како и да е во XII и XIII век Печенезите веќе се целосно стопуваат во сродните Кумани и другите монголо-татaрски племиња, со што и конечно ги снемува од картата на самосталните етнички групи.
На Печенезите и нивните особини посебно внимание во пишувањето им посветува царот Константин VII Порфирогенит (913-959) и тоа цела 37 глава во Списот за народите (“De administrando imperio”), издадена од Bonner 1840.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 7361 пати
Просечна оцена од посетителите
 3,66 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

среда, 04 декември 2024
Моментно посетители: 41

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Св. мчци: Македониј, Татијан и Теодул
--------------------------------
 Воениот плен кај Македонците
--------------------------------
 Македонци – прогласени за херои на Нирнберг
--------------------------------
 Македонско писмо кое најдолго патуваше
--------------------------------
 Најстрашниот и најразорен земјотрес во Македонија
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: