Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 9388
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
За Македонија > Единствено во Македонија > Дали знаете дека?
Киклопскиот ѕид во Македонија меѓу најстарите
Сподели на Facebook
Киклопски ѕид” е вид вид бедем кај античките народи од подрачјето на Средоземјето. Тој е изграден од големи четириаголни делкани камени блокови без врзувачки материјал со истурени кули, сводови и капии, често украсуван и со фигури на животни.
Стабилноста на ѕидот се постигнувала со вешто сложување, делкање на камењата со давање посакуван облик и вметнувањата од помали камења во меѓупросторот од поголемите камени блокови.

Висината на “киклопскиот ѕид” достигнувала до 7-8 м., а дебелината и до 17 м., во зависност од висината на ѕидот. Називот “киклопски ѕид” води потекло од митолошките антички џинови-киклопи. Киклопските ѕидови засега најрано ги наоѓаме за време на критско-микенската цивилизација (од 2000-та до 1000-та год. п.н.е) во Троја, Кносос, Тиренс и Микена. Во последнава тие се најсовршени и најкомплетни со интересни примери како лавјата врата каде заради совршеноста на изработката ги снемува меѓупросторните вметнувања.


Лавјата врата во Микена, градба од типот на киклопски ѕид

За Македонија и Македонците од антиката е интересно што и тие имаат свои киклопски ѕидови и ваков стил на градби. Така, по интензивните ископувања на македонските археолошки локалитети се открија вакви импозантни примери. Тука секако е (засега претпоставената) престолнина на Пелагонците кај селото Бонче (локалитет „Висока“), совршена градба од вакви камени делкани блокови во импозантни лакови и кружни дебели сводови и ѕидови чии други продолжетоци сеуште се откриваат. Пелагонците како македонско племе, познато е дека се учесници во Тројанската војна водена околу 1 160 год. п.н.е. Токму оттаму и нивната престолнина градена во стилот на киклопски ѕид, се вклопува меѓу најстарите како оние во Троја, Тиренс, Кносос и Микена.

Понатака, од Македонија, уште поимпозантни се киклопските ѕидови кај Охрид чија презентација по завршетокот на истражувањата се очекува да ги објави нашиот најпознат археолог Г-нот Паско Кузман (покрај ова се открија и се доистражуваат киклопските ѕидови на Скопското Кале, а има најави и за други истражувања со вакви наоди). Едноставно Македонија има доволно наоди од овој тип на градби, но заради досегашните слаби и ретки истражувања особено во времето на бившата СФРЈ тие не можеа да го видат светлото на денот.


Киклопски ѕид од престолнината на Пелагонците во Македонија (локалитет „Висока“ с. Бонче)

Инаку ваквиот бедем, како начин на градба, применуван е и во другите краеви на светот при утврдување на родовските општини, цитадели, феудални замоци и храмови. Како се ѕидани овој вид бедеми т.н.р “киклопски ѕидови”?


Наоди од основата на киклопскиот ѕид, с. Бонче

Се претпоставува дека подигањето и вградувањето на камените блокови е вршено така што околу местата на изградбата од ѕидините, се подигани насипи. Тие растеле напоредно со висината на ѕидот, па преку нив се валкани камените блокови на кружни трупци до местата каде ѕидот е подиган. Едновремено камените блокови ги влечеле со јаки канапи. Кога ѕидот бил готов, насипот се растурал и отстранувал до самата основа, со што и објектот по ова само внатрешно и надворешно се доуредувал и евентуално украсувал. Како и да е, ова е еден од најтрајните и најцврсти видови градба.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 12100 пати
Просечна оцена од посетителите
 4 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

петок, 06 декември 2024
Моментно посетители: 47

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Поимот лептерно (лефтерно – лесно)
--------------------------------
 Преп. Павле Ксиропотамски
--------------------------------
 Најкрволочното куче од антиката и Македонците
--------------------------------
 Македонците и базите
--------------------------------
 Планевите на градбите по македонскиот обичај
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: