Од најстарите држави на антиката, кај Вавилонците дезертерството се казнувало со смртна казна а е врзано и за земјишниот посед кој му се одземал на оние земјопоседници кои не се одзивале на повикот од кралот за војна. Ова било посебно уредено со познатиот “Хамурабиев законик“ од XVIII век п.н.е. И за Египќаните се знае од записите дека дезертирале криејќи се од регрутните органи по околните ридишта, особено за време на Новото Царство (XVI – VIII век п.н.е) но санкциите не се познати. И старите Грци – Хелени, се познати по масовноста во дезертерството особено од IV век п.н.е, кога дотогашните милиции ги заменуваат наемници кои често преоѓале од една на друга страна.
Дезертерствата во војските на најстарите држави од антиката се казнувале главно со смрт или одземање на имот (илустрација на Вавилон)
Но, за разлика од сите нив (и од Римјаните подоцна), Македонците се со речиси и непознато дезертерство а ако и се јавува, тоа е од страна на ним потчинетите народи кои имаат војски во вазален однос кај нив. Особено пак се истакнуваат Хелените, кои и да нема прилика да не ја покажат својата непомирливост во однос македонската хегемонија. Така тие ќе преоѓаат и кај Персијанците и кај Римјаните подоцна, било поединечно било по групации. Навистина, во еден случај има преоѓање на контигент македонска војска но кон сите останати македонски трупи кога едениот од наследниците на Александар, Генералот Антигон Монофталм ќе посака да се прогласи за крал па завојува со другите Генерали (периодот по смртта на Александар). Преоѓањето тогаш е заради не сакањето да се пролева македонска крв, што всушност и навистина е избегнато токму со овој чин.
Антигон Монофталм ќе завојува против сите македонски генерали заради што неговата војска ќе го напушти, несакајќи да се пролева македонската крв
Дали Македонците кои се повлекоа на Хималаите во долината Хунза се заради замореност од освојувањата?
|
Друг пример е пишувањето на поедни извори за наводно дезертерство на Македонци незадоволни од долгите војувања по светот со Александар, во долините на Хималаите (каде и денес живеат нивните потомци, Хунзите). Но за ова, многу појасно и почесто е пишувањето дека всушност тоа е дел од отцепена војска при тешките битки со планинските племиња и народи. Се разбира дека кон нив можно е да се приклучувале со време разни незадоволни елемнети од македонската војска, но сите тие не дезертирале во класична смисла т.е да извршат пребег во туѓинската војска или пак да избегнале регрутација. Напротив тие целосно и со години го следеле својот крал Александар во бројни и тешки битки, но и чии крајни амбиции веќе не ги разбирале кога од родната Македонија веќе секој спомен почнал да бледнее а тој се повеќе барал нови крајни граници на светот. Но освен овие и не толку чисти примери на дезертерство, нема никаде ниту еден јасен пример на македонско дезертерство, напротив сите укажуваат на доследна и слепа верба на Македонците во своите предводници.
Римјаните пак иако се обидувале со драстични мерки да го ограничат дезертерство (Римјанин кој не се одзивал на повикот за војна, прогласуван е за роб а казнуван е и таткото кој го крие синот) тоа не успева. Особено замав зема во I век п.н.е. Во царско време со стоечките војски, дезертерството го менува својот карактер и станува злочин против царот (“Lex Juliae го смета дезертерството како “crimen laesae majestatis”). Се создава поимовна разлика помеѓу дезертерството, како бегство извршено со намера за трајно избегнување на воената служба, и самоволното оддалечување. Со дезертерите се постапува различно во зависност од тоа дали е делото во мир или војна. Кога во IV век во римската војска почнуваат да влегуваат цели маси на Варвари, цели племиња и народи, римските законодавни одредби ги заменуваат нивното обичаено право.
За време на царот Самоил и другите средновековни македонски владетели, дезертерството се казнувало со одземање на имот
|
Во периодот на феудализмот македонските владетели од царот Самоил до Добромир Хрс, Стрез па и кралот Марко но и другите владетели, неодзивањето на повикот за војна го казнувале со одземањето на феудот или со смрт. Но и самите настрадувале од овие мерки подоцна кога потпаѓале под туѓинска власт па биле приморани на вазален однос а се отцепувале од нив (кралот Марко од Османлиите). Како и да е дезертерството е речиси и непознато во македонските војски било оние од антиката, било од феудализмот или од најновиот век за време антифашистичката војна. Македонците кога се борат за својата Македонија во своја македонска војска се најлојалните војници, знаејќи го ова и Србите и Бугарите но и Грците во своите војски упорно ќе формираат и мобилизираат единици со такви називи: “Македонски полк (ополчение)”, “Маќедонска дивизија”, “Македономахи” и сл. Се разбира безуспешно.
(Користени извори: “Хамурабиев законик“, македонски превод; “Geschichte des Militarstrafrechts”, Dangelmaier, Berlin 1891; G.Szollosy, “Das Militarstrafgesetz”, Viena 1914; E.Krafft, “La justice militaire”, Lozana 1918; M.Rittau, “Militarstrafgesetzbuch”, Berlin 1944; Министерство на француските вооружени сили “Code de Justice Militaire pour L`armee de terre”, Pariz, 1948; “Manual of Military Law” I, Министерство на војната, London 1956; “Handbuch des Wehrrechts”, Гераманско сојузно министерство за одбрана, Keln 1956 и др.)
|