“Abodriti, qui vulgo Praedenecenti vocantur et contermini Bulgaris Daciam Danubio adjacentem incolunt“ (“Абодритите што обично ги викаат Преденеценти, а како соседи на Бугарите живеат во Дакија покрај Дунав“).
Се споменуваат во 824 год. во “Франкиските анали”, кога барале помош од Лудвиг Побожниот за војната против Бугарите. Вториот назив Praedenecenti се толкува различно (Браниќевци, Бодриќевци и сл.) но сеуште е недоволно цврсто потврдено од каде овој назив.
(Литература – L.Niederle, “ Slovenske starozitnosti”,II, Praha 1906, str. 418, истиот, Manuel de l,antiquite slave, I, Paris 1923, atr. 104)
|