Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 9246
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
За Македонија > Убавините на Македонија > Планини во Македонија
Осоговски планини
Сподели на Facebook

Царев врв (2085 мнв)

Царев врв може да се освои од две страни: од Кривопаланечкиот манастир Св. Јоаким Осоговски и од Кочанско - преку Пониква.

Кривопаланечко - од Крива Паланка до манастирот Св. Јоаким Осоговски се патува пеш или со сопствено возило по асфалтен пат во должона 3км. Во манастирските конаци може да се ноќева бидејќи на оваа планина не постои пл. дом. Маркацијата ПМ започнува од манастирот и спрема Царев врв води преку селото Варовиште, Фото Величковски СтојанчеЛовечка куќа и Калин камен. Од Ловечката куќа до врвот се оди по ливади. Планинарската патека е долга околу 25км во еден правец за кои ви се потребни 5 часа. Покрај патеката има повеќе извори и чешми, а таа е просечно напорна. Печатот se наоѓа во манастирот. Кочанска страна - Маркацијата ПМ започнува од крајот на Кочани, крајот на улицата 14-та бригада продолжува под депонијата, над село Црвена нива минува преку пошумен дел со бреза и бор се до асфалтот, минува покрај чешмата З’мбава. Потоа продолжува покрај Д’га ридина се до асфалтот. Сечејќи го асфалтниот пат продолжува преку Леши рид. Некаде 500 метри пред Шумска куќа излегува на асфалтен пат, продолжува по неа, после 200 метри од Шумската куќа. Се напушта асфалтниот пат (десно) продолжува по стариот колски пат за Пониква. Од градот до Пониква потребни се 5 часа. Оние кои имаат сопствено возило можат да дојдат до Пониква која е оддалечена 20 км, по асфалтен пат.

Од Пониква патеката за Царев врв продолжува по широкиот колски пат со една кратенка кај бачилото ЗЗ Галеб, некаде половина час пред врвот се напушта широкиот пат (десно) и се оди по ливади. Патеката е добро маркирана. Во вториот дел од патеката треба да се внимава на раскрсниците, бидејќи ги има доста. За овој дел од патеката ви се потребни 5 часа. На Пониква не постои пл. дом. Можете да ноќевате во детското одморалиште, во објектите на шумското стопанство и одмаралиштето (пл. дом) „Шампињон“, кои работат секој ден каде што се наоѓа и печатот.

Руен (2252 мнв)

На врвот „Руен“ (највисок на Осоговските планини) кој се наоѓа на самата граница со Бугарија, може да се искачите главно од два правци, и тоа едниот е од „Царев врв“ до кој е веќе опишано искачувањето, нема маркација, патеката прво ве спушта до преслапот „Ајдучка чешма“ што е најниска точка на патеката, тука на песлапот десно под патеката навистина има чешма со тоа име, потоа го почнувате искачувањето на Руен кое вкупно од Царев врв трае околу 2 часа. Друг правец е преку рудникот „Тораница“. Кога одите од Крива Паланка према Бугарија пред да стигнете до границата вртите десно према рудникот „Тораница“ одалечен вкупно 18 км од Крива Паланка. Од рудникот можете да се искачувате директно на врвот Руен иако нема маркација, или втора подолга но полесна варијанта да се искачувате во правец на седлото меѓу Царев врв и Руен и потоа да одите кон врвот. Зависно од правецот потребни се околу 2-3 часа. За движење во погранична зона потребна ви е дозвола од Министерството за внатрешни работи.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 8607 пати
Просечна оцена од посетителите
 2,83 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

четврток, 03 октомври 2024
Моментно посетители: 39

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Цесија
--------------------------------
 Целиот учен свет на антиката – во Александрија
--------------------------------
 Свештмч. Мокиј
--------------------------------
 Св. Ахил еп. Лариски
--------------------------------
 Античката “Теургија” и македонскиот фолклор – едно
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: