Почитуван господине,
Окуражен од актот на Минист. за прос. и цркв. работи од 7. јули о.г. ССБр. 106, доведов од Стара Србија и Македонија дванаесет ученици и една девојка, да во нашите училишта дозавршат образование, и да се подготват за учители и професори на идните гимназии и богословии во тие покраини.
За да можат овие ученици што порано да се употребат, јас според нивната подготовка и училишни сведителства ги запишав, и тоа на философскиот факултет.

Петар Поп Арсов во српската преписка Петар Арсиќ
|
Михаил Питовиќ од Битола, Димитрија Миховиќ од Гор. Порој демирхисарска нахија, Андреја Ристиќ од Велес, Иван Трифуновиќ од Воден, Дјамандија Кољевиќ од Штип, и ПЕТАР АРСИЌ ( з.н – се мисли на Петар поп Арсов) из Богомила велешка нахија;
Во петто одделение на I Белградска гимназија :
Димитрија Ѓорѓевиќ од Криворечка Паланка, Евтим Поповиќ од Косо/в/расти дебарска нахија, Нако Силеновиќ, Пантелеј Шалагановиќ и Михаил Јовановиќ, сите тројца од Скопје;
Во прво одделение на I нижа Белградска гимназија :
Симо Димитриевиќ од Тетово;
И во прво одделение на овд. Више женско училиште :
Магдалена Михаиловиќ од Тетово.
Заради тоа го молам господинот Министер, да повели и на овие ученици им одреди благодејание за нивно издржување, и тоа по 50 динари месечно, сметајќи од 1. септември о.год. а по мое скромно мислење на овој начин:
Благодејанието за овие ученици да и се издава месечно на управата од друштвото Св.Сава, а таа ќе се погрижи за нивното заедничко издржување и облекување, т.е. ќе подготви за нив еден мал пансионат; а во колку таа сума не биде доволна да ги подмири потребните трошоци, друштвото би било расположено, да од својата благајна помогне и го измири остатокот од сегашните трошоци.
Ваквиот начин на нивниот заеднички живот би бил за самите ученици корисен, а за државата и нејзината идеја и практичен и корисен. Со ваквото издржување над нив би можела да се води многу ПОГОЛЕМА КОНТРОЛА; државните идеи попостојано би се всадувале во нивните срца, отколку кога би биле РАСЕАНИ ПО ГРАДОВИТЕ, СКРИЕНИ ОД НЕПОСРЕДЕН ДРЖАВЕН НАДЗОР. Со тоа би биле сочувани и од лоши влијанија и развратни друштва, или и од пропагандистички влијанија, кои бин можеле да ги оттуѓат од државните идеи.
Ако господинот Министер би сакал да го уважи овој мој предлог, би можеле во овој пансионат да влезат и оние ученици од Стара Србија, кои веќе уживаат државно благодејание, како : Давид Поповиќ од Куманово, во V оддел. На гимназ., Ристо Огњановиќ од Галичник во II оддел. на учителското училиште, Фртуниќ од Вучитрн во III оддел.учит.училиште, и.т.н. Тогаш би биле околу 20 во пансионат, а издржувањето и облекувањето би било попогодно и поефтино.
Друштво Св.Сава
Бр. 464. Со почит
____________
31. август 1888 ( Печат)
Белград. Свет. Николаевиќ
I Благајник,
Тих /Ј/ Марковиќ ----------------------------
ССБр. 170
На сметководството за мислење дали би можел овој корисен предлог да се изврши.
15/IX 1888 Министер
Др. Владан Ѓорѓевиќ
Предлогот е многу умесен и корисен, и треба веднаш да се усвои. За оваа пресметковна година имате кредити според буџетот, а за идната пресметковна година ќе треба да се повиси овој кредит со неколку илјади, од прилика со 5-6000 динари.
15.IX.1888 г Сметководител
Мил. Вељковиќ
(Извори – Оригинал Архив Србије, МИД ППО III 170/1888;“Граѓа за историјата на македонскиот народ од Архивот на Србија, том IV, книга III [1888-1889],Белград 1987 год, стр.203-205)
Од писмото се наметнуваат следните факти:
1. Претседателот на Друштвото Св. Сава, Светомир Николаевиќ го известува Министерот за просвета за избраните и донесени во Србија од него 12 ученици Македонци, како идни српски учители по Македонија.
2. Николаевиќ лично ги запишал именуваните на филозофскиот факултет и бара средства за нивно издржување, сметано од 01.IX.1888. Предлага сместување во посебен пансионат под надзор на друштвото Св.Сава.
3. Пансионатот го предлага од повеќе наменски причини – заедничкиот начин е попрактичен, поефтин и покорисен и за нив и за државата. Српската идеја попостојано и полесно би се всадувала одошто да се расеани по др. градови.
4. Но најважана е – “поголемата КОНТРОЛА” над нив зашто нема да бидат “СКРИЕНИ ОД НЕПОСРЕДЕН ДРЖАВЕН НАДЗОР” или под “влијание на пропагандисти”.Со ова, авторот и несакајќи го признава она што добро го знае – Македонците се етнички засебни, инаку зошто би се плашеле “од туѓи пропаганди”.
5. Се брза дури се деца и не осознале повеќе за пропагандите, да се преобразат во “Срби“.Но со барем еден од нив - Петар поп Арсов ќе се види колку успех има оваа српска замисла (еден од главните идеолози на македонскиот народ, жесток борец против српската и бугарската пропаганда.)
6. И Министерот за просвета и финансиските служби веднаш го одобруваат предлогот од “Св.Сава” за пансионат од Македонци, како многу “умесен и корисен” по српската идеја. Ова само укажува каков приоритет му дава српската администрација на ова прашање.
|