Интересно е тоа што Русите одат токму на наговор од Србите за некакви српски историски траги (а кои ги нема) но уште поинтересно е што свештеникот е “бугарски”, а се декларира за – ЧИСТ МАКЕДОНЕЦ. Ова значи дека иако Србите си сметаат дека Башино Село е српско, иако Бугарите си го сметаат попот и селаните за “Бугари” (а така и се водат), првиот човек се смета за – ЧИСТ МАКЕДОНЕЦ. Патот за Башино Село, Ритих го опишува вака:
“Рано изутрина се упативме со пајтон кон Башино Село, што се наоѓа на три врсти северно од Велес. Србите, посебно настојуваа на ова патување, бидејќи таму ќе најдеме, според нив, јасни етнографски траги на Србите. Такви јасни траги на србизмот имаше не многу, но затоа пак во Башино Село ние имавме куриозитетен разговор со бугарскиот свештеник на црквата Св. Никола”.
Лазар Петров(иќ) од Башино село како дел од српската пропаганда и политика
|
По ова Ритих и придружбата се упатуваа во дворот на свештеникот за да измолат дозволаз за посета на селаската црква. По пречекот кој е краток, стегнат и бојажлив доаѓа и моментот кога попот се декларира себеси за Македонец по род, што Ритих вака го опишува:
“На крајот, искористувајќи момент кога свештеникот не беше зафатен, ние го седнавме до нас и почнавме да го распаршуваме за месните интереси и за расправијата меѓу Бугарите и Србите. Свештеникот сето време препрашуваше и одговараше едносложно. Најљубопитен и многу значаен негов одговор беше тој дека е тој ЧИСТ МАКЕДОНЕЦ, ДОМОРОДЕЦ НА БАШИНО СЕЛО И НЕ ЗНАЕ ДА ГОВОРИ НИ БУГАРСКИ НИ СРПСКИ, ТУКУ САМО МАКЕДОНСКИ. Како Бугари се сметаат половина село, а другата половина се сметаа Срби . Тој одговараше наполно искрено и природно, па и по својата конституција не беше способен да лаже, зашто тоа беше свештеник – селанец, кој стои настрана од секаков вид интриги и караници.
ВО СОЛУН, БУГАРСКИОТ КОМЕРЦИЈАЛЕН АГЕНТ БЕШЕ МОШНЕ ЗАГРИЖЕН СО ОДГОВОРОТ НА БУГАРСКИОТ СВЕШТЕНИК ОД БАШИНО СЕЛО И НА СЕКОЈ НАЧИН НАСТОЈУВАШЕ ДА НИ ДОКАЖЕ ДЕКА НИВНИОТ СВЕШТЕНИК И ВО ДАДЕНИОТ СЛУЧАЈ СЕ РАКОВОДЕЛ ОД ПОЛИТИКА“.