Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 9308
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Култура > Филм > Македонски филмови
Мирно лето
Сподели на Facebook

Филм од 1961 година

Младиот научен работник Заре Мисевски и неговата сопруга Мира, костимограф во театар, живеат во изнајмена соба како потстанари, постојано изложени на вознемирувања и љубопитност на соседите. Во вакви околности, на Заре му се доделени клучевите на Етнографскиот музеј во Охрид, заради негово средување, што за семејството Мисевски значи бегство во оаза на мир и тишина, за време на трите летни месеци, колку што треба да престојуваат во Охрид.

Сакајќи својата радост да ја споделат со пријателите, Заре и Мира, секој за себе, раскажуваат за добиената „премија“. Лето е, Заре и Мира се веќе во Охрид, во музејската зграда. Заре работи на својот проект, а Мира слика и се труди да не му пречи во работата. Но, проблемите почнуваат кога еден ден, на гости им доаѓа колешката на Мира, Дара Љубина, разочарана од неславниот крај на последната љубовна врска. Револтот на Заре сè уште не е стивнат, а во нивниот привремен дом доаѓа Нестор Гиевски, некогашен факултетски професор на Заре, кој патувајќи кон Атина, наминал кај нив на одмор. На новонастанатата ситуација Заре и Мира бргу се привикнуваат, но не за долго. Братот на Мира, со своето друштво, дошол на гости кај сестрата и зетот. Инвазијата на музејот продолжува. Во дворот на музејот стигнуваат стрикото и стрината на Заре и семејството Поп-Коцеви, кои имајќи проблеми со сместувањето, на покана на стрико Тале, дошле во музејот.

Ситуацијата во куќата веќе не може да се контролира, владее општ метеж. Сета оваа бркотница ќе се расчисти дури откако сопругата на Заре, изнервирана и лута, ќе побара мир во хотелот. Гостите конечно сфаќаат дека не можат повеќе да сметаат на толерантноста на домаќините и го напуштаат музејот. Мира се враќа дома, сè е мирно. Заре повторно ќе може на мир да работи, а Мира да слика. Но, не за долго, бидејќи новите гости веќе пристигнуваат...

Режија: Османли Димитрие
Сценарио: Филиповиќ Фрида
Директор на фотографија: Петковски Љубе
Снимател: Самоиловски Мишо
Монтажа: Лазаров Маја
Главни улоги: Арсова-Џундева Љупка, Бошкова Мери, Дамевски Дарко, Милчин Илија, Перовиќ Слободан, Прличко Петре, Цекова Стојка, Џувалековски Илија
Споредни улоги: Васовски Панче - Камшик, Видов Тома, Донева Вукосава, Исаја Мара, Јовановски Ацо, Николовски Тодор, Прличкова Џамбазова Анче, Стојанов Крум, Трајковски Љубиша, Ќостаров Димитар
Музика: Савин Драгутин
Директор на филм: Лазаревски Никола

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 5135 пати
Просечна оцена од посетителите
 3 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

сабота, 02 ноември 2024
Моментно посетители: 177

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Поход на Печенезите во Македонија и нивниот крај
--------------------------------
 ”Алкалоид” прва фабрика на Балканот за опиум
--------------------------------
 Држава, етимолошко поимање
--------------------------------
 Св. вел. мч. Анастасија Узорешителница и др со неа
--------------------------------
 Што е ансамбл?
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: