Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 9316
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Религија > Ислам > Доаѓањето на Исламот во Македонија
Исламот во економските прилики кај Османлиите
Сподели на Facebook
Иако турските историчари тврдат дека турското владеење врз покорените христијански народи меѓу кои и македонскиот, донело “благопријатност и развој”, тоа се разбира го демантира целата историја под оваа империја.
Османлиите, како воини и разнесувачи на исламот, од крајот на XIV век кога го започнале настапот кон Византија и Балканот, со својот арапско-исламски поглед, на туѓа неисламска почва, оддалечени од исламските центри, не можеле и немале стремежи на народите да им носат благопријатности.

Со приемот на исламот, Турците примиле и елементи од арапската култура, но во Македонија се во улога на репресивна сила која Македонците ги држи со силата на мечот, па најмалку им е до развој на култури или економски балагопријатности. Распалувајќи религиозен фанатизам кај муслиманите, султаните не давале поттик за развој на творечка сила, туку за цело време и цели векови не само Македонците но и сите народи од Балканот ги држеле во длабоко незнаење и застој.

Македонскиот народ како прв кој потпадна под Османлиите и последен кој излезе од нивната власт (но и веднаш доби нови “братски“ владеења), особено болно и долго ќе го трпи постојаното назадување и пустош на целокупните материјални и човечки ресурси. Османлиската држава е долго зад европската култура и економија и дури до крајот на XVIII век се однесува непријателски кон неа а заостанувајќи далеку зад неа. Дури и по тоа Турција во Европа е хетероген елемент т.е како туѓо тело во нејзиниот организам.

Додека европските поморски земји откриваат нови колони и трупат богатства од таму, Отоманска Турција е заглибена и ограничена во заостанатоста на стариот спахиски систем
Всушност целокупното турско владеење врз Македонија и некогашните византиски територии носи крајно негативни последици врз економскиот и политички развој и на Европа. Имено, додека големите географски откритија одвлекуваат се поголем и позначаен дел од меѓународната стоковна размена по други патишта, Турците остануваат туѓи на економскиот развој на Европа. Додека европските држави освојуваат нови и нови прекуокенски земји, ги ограбуваат и претвараат во свои колонии, дотогаш Турците не само што не учествуваат во овој процес на првобитно трупање нов капитал но и со време самите ќе станат објект на колонијален грабеж. Тоа се случува заради ограниченоста од еден те ист простор чии ресурси колкави и да се, со заостанатоста на технолошко-развојниот процес, се исцрпуваат и не носат нов економски развој. Со постојаното економско исцедување на македонскиот и другите потчинети народи, Турците не увидуваат дека Европа веќе одамна ја движи постојано свежиот капитал и профити од сите мердијани на светот.

Само заради овие фактори турското владеење не само што не може да создаде благопријатни услови за економски и културен развој на себе и покорените христијански народи туку е пречка за било каков развој. Турските властодршци, експлоатирајќи жестоко низ народносната и верска дискриминација и со чинот на исламизација, се стремат да ги рушат народните култури. Со ова штетат и на економските услови, со насилното целосно исламизирање и турцизирање на разни краеви од Македонија и Балканот истите останувале без работна рака. Земјиштето останувало необработено а власта без приходи, па колку и да изгледа глупаво од власта, таа всушност се самоуништувала со ова. Крајната немаштија по ова доведувала до дополнителни анархични состојби со отцепувања на одредени властодршци но и развој на ајдутсвото и разбојништвото.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 5276 пати
Просечна оцена од посетителите
 4,2 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

среда, 06 ноември 2024
Моментно посетители: 37

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Кошула за вардење од уроци
--------------------------------
 Браќа по камшик – “флагеланти
--------------------------------
 Полумесечината симбол од Филип II Македонски
--------------------------------
 Најславната песна за Палестина е од Македонец
--------------------------------
 Први зоолошки истражувања во Македонија
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: