Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 9308
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Религија > Христијанство > Цркви и манастири во Македонија
Манастир Конче
Сподели на Facebook
На околу 20 километри јужно од Радовиш, по вијугавиот пат што ги сече родните полиња,што погледнати озгора изгледаат како распослани сликарски платна, преку прекрасните шарени ливади закитени со црвени булки, ќе стасате до селото Конче.
Тука, во ова село, живописната природа и мирниот селски живот го облагородиле љубезниот селанин-тутунар, кој, во часовите на одмор, секогаш отворен за посетители, е подготвен и расположен да ве покани во својот дом и да ви зборува за познатиот селски манастир, како и за самото село.

Тој, пренесувајќи ги приказните на своите предци, раскажува дека селото го добило своето име по големите и убави конаци кои постоеле околу манастирската црква. Во големиот и ограден двор, под дебелата ладна сенка на двовековниот јавор и старите и раскошни корпи на ореовите дрва, покрај чешмата со ладна вода, денес сочувани се црквата Свети Стефан, кулата-пирг која во голем дел е оштетена, како и еден конак изграден во поново време. Убавината и мистичноста на манастирот ги надополнува и приказната за Кантакузина, ќерката на деспотот Ѓурѓе, која тука ги минала последните години од својот живот, престојувајќи во кулата веднаш до црквата. Бидејќи кулата, или или пиргот како што ја нарекуваат селаните, немала влез однадвор, Кантакузина морала да влегува и излегува преку еден подземен тунел што водел од под олтарот на црквата до кулата. Во близина на пирг-кулата се наоѓа и нејзиниот гроб.

Точниот датум на градење на црквата не е познат. Единствено се знае дека таа е изградена пред 1366 година, бидејќи тоа е годината кога манастирот, со една хрисовуља на цар Душан, бил приложен на Хиландар. Нејзин градител, или пак обновувач, е познатиот војвода Никола Стањевиќ.

Внатрешноста на оваа црква, со форма на впишан крст и со купола врз осмостран тамбур, денес во поголем дел е малтерисана и варосана, додека од првобитниот живопис е сосема малку сочувано. Иконите на иконостасот се изработени од страна на зографот Димитар Андонов Папрадишки.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 6175 пати
Просечна оцена од посетителите
 5 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

недела, 03 ноември 2024
Моментно посетители: 256

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Во Јапонскиот парламент – “Лига за Македонија”
--------------------------------
 Св. мч. Георгиј Кратовски
--------------------------------
 Златото на Персија кај Александар
--------------------------------
 Св. Евстатиј архиеп. Антиохиски
--------------------------------
 Реонот на Алшар со единствени рестенија
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: