|
VIII-век - Охрид
Архирејски(?) крст - икона - приврзок на гради
за чување реликвии. Сочувана предна страна.
На средината претстава на непознат светец
(Исус Христос?), со нимб околу главата, во
хламида и епитрахелион.
Од десно портрет на Св. Јован,
од лево Св. Теодор.
Бронза: леење и гравирање.
Димензии: 66 мм х 42 мм.
|
|
|
|
VII-век - Валандово
Крст - приврзок на гради за чување реликвии.
На предната страна геометриска гравура на
стилизиран крст.
Во средината украсен црн гагат.
Во долниот дел правоаголен отвор.
Идентична гравура на задната страна.
Бронза: леење, доработување, гравирање,
точкање и вметнување.
|
|
|
|
IX-век - Прилеп
Крст - приврзок за на гради.
Карактеристични топчиња
на крајот на краците.
Во средината претстава на крст.
Еднаква предна и задна страна.
Бронза: леење и гравирање.
Димензии: 46 мм х 32 мм.
|
|
|
|
IX-век - Демир Капија
Крст - приврок за на гради.
Релјефна претстава на
Богородица Оранта
во туника и мафорион.
Сребро: леење и доработување.
Димензии: 40 мм х 22 мм.
|
|
|
|
IX-век - Радовиш
Крст - приврзок на гради
за чување реликвии. На предната страна
претстава на Исус Христос во колобион,
а на задната страна Богородица Оранта во туника и мафорион.
Бронза: леење и доработување.
Димензии: 42 мм х 21 мм.
|
|
|
|
IX-век - Битола
Крст - приврзок за на гради.
Релјефна претстава на Богородица
Оранта во Туника и мафорион.
Бронза: леење и гравирање.
Димензии: 40 мм х 20 мм.
|
|
|
|
IX-век - Тетово
Крст - приврзок за на гради.
Релјефна претстава на Богородива Оранта
во туника и мафорион.
Бронза: леење.
Димензии: 40 мм х 21 мм.
|
|
|
|
IX-век - Охрид
Крст - приврзок на гради за чување реликвии.
На предната страна релјефна претстава на Исус Христос
во колобион. На задната страна релјефна претстава на Богородица Оранта во туника со мафорион.
Бронза: леење и доработување.
Димензии: 51 мм х 24 мм.
|
|
|
|
IX-XII век - Битола
Крст од низалка за гуша.
Бронза: леење и доработување.
Димензии: 26 мм х 17 мм. |
|
|
|
X век - Битола
Крст-приврзок за на гради
Бронза: леење и гравирање
Димензии: 94мм х 58мм |
|
|