Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 9246
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Религија > Христијанство > Создавање на Охридската архиепископија
Корените на македонската православна црква
Сподели на Facebook

27-та година пред Христа, императорот Август ги дели провинциите на сенатски и царски. Македонија е прогласена за сенатска провинција и е таква се до 15-та год. по Христа кога со приклучена Ахаја кон себе е прогласена за царска провинција.


Охрид

 44-та година по Христа од Македонија е одделена Тракија и се до IV век по Христа кога Тесалија и е приклучена на Македонија, нема територијално-статусни промени.Но има социјални промени како новата вера Христијанството, преку поединци по јужните краеви.

50 година по Христа, Ап. Павле како пастир на Христијанството ја посетува Македонија и овие поединци и примајќи нови ги основа првите македонски црковни општини.

54 година по Христа, Ап. Павле вторпат е во Македонија и основа нови цркви, што заедно се првите Христијански клетки- јадро на идната македонска црква и историската Охридска патријаршија.

Овие цркви се по градовите – Филипи, Бер, Стоби и Охрид со што симболично и патот на Павле е во облик на голем крст над Македонија: Филипи на исток – Охрид на запад и Бер на југ – Стоби на север. Чувањето на овој крст ќе го добијат најголемите македонски центри, Скупи и Солун чии цркви пак подоцна имаат важна улога во развојот на МПЦ.

 
Со првите цркви во Македонија Св. Апостол Павле и вистински ја „покрсти“ Македонија (Бер - Филипи - Стоби - Охрид)

54 година по Христа е особено битна за Охрид како идна столнина на македонската црква. Ап.Павле минувајќи низ денешна Р.Македонија и основајќи цркви во Скопје и во Стоби (археолозите во 80-те години на XX век во Стоби најдоа директни наоди за ова) продолжува кон Охрид- Драч а оттаму за Рим каде со Ап. Петар сакаат да основаат црква.

Охрид за Ап. Павле е престојувалиште извесно време задоволен од односот на народот кон верата - Охрид веќе имал Црковна општина. Ап. Павле оваа општина ЛИЧНО ја ПОДИГА ВО РАНГ на – ЕНОРИЈА на свечен чин по кој во својот бележник запишал дека Охрид: “му оставил неизбришлив спомен и впечаток“


Св. Апостол Павле според Божјата војла трга најпрвин во Македонија да го шири Христијанството

Клетките на Христијанството не беа создадени во Ромеја (Елада, Грција) уште помалку во Бугарија, Србија или Русија кои дури по повеќе од 1000 години ќе се здобијат со цркви иако неканонски, но и чии цркви се обидуваат да го оспорат овој факт, Не. Првите клетки се на македонско тло од македонскиот народ па оттаму и историското, канонско но и политичко право е токму на македонската црква да се смета за “Мајчинска црква “ како најстара во христијанскиот свет.

Македонците први во Европа го примија Христијанството, сакал да го признае тоа некој или не а македонската црква стана античка древност од која токму се проширија божествените писанија на четворицата Апостоли – Павле, Сила, Тимотеј и Лука..

Зошто токму Македонија прва во Европа и на западот е избраната од Ап. Павле и бога, кога решава да ја шири верата од Азија? Библијата и Новиот завет за ова мисија на Ап. Павле во “Дела апостолски 16.13 - Павле го пренесува Евангелието од од Азија во Европа “ пишува:

6. Штом ја преминаа Фригија и Галатајскиот крај, ним не им беше допуштено од Светиот Дух да го проповедаат словото во Азија.

7. А кога дојдоа во Мизија, се обидоа да отидат во Витанија; но Духот не ги пушти.

8. И кога ја напуштија Мизија, тие слегоа во Троада. 

9. Преку ноќта на Павле му се јави привид : стоеше пред него еден човек, МАКЕДОНЕЦ, кој го молеше и му велеше : Прејди во МАКЕДОНИЈА и помогни ни !

10. По тоа видение веднаш посакавме да тргнеме за МАКЕДОНИЈА, БИДЕЈЌИ РАЗБРАВМЕ ДЕКА ГОСПОД НЕ ПОВИКАЛ ТАМУ ДА ГО ПРОПОВЕДАМЕ ЕВАНГЕЛИЕТО.“

Македонија - прв темел на црквата Христова во Европа, од ова јасно е дека не е обична одлука само на Павле но е и повелба од Светиот Дух до него за исполнување на вољата Господова ( “…разбравме дека Господ не повикал таму да го проповедаме Евангелието”).

Уште со овој Господов јасен план и воља запечатени и во Светото писмо, Македонија и Македонците се избраната земја и народ за неговата идна црква и благодестие. Денес го негираат сето ова неканонски основаните цркви - бугарската, српската но и грчката. Не само нас, ја испревртуваат и вољата Господова, како лукави адвокати на отфрлен наследник кои бараат дупки низ тестамент не би ли закачиле не само дел но и целиот имот.


Градот Филипи каде Св. Апостол Павле го удри темелот на првата црква во Европа и каде е покрстена првата европјанка - Лидија Македонката

Првата покрстена на европско тло е Лидија Македонката од градот Тиатир која во ближниот Филипи продавала ЦРВЕНИ ткаенини и не само тоа таа ги понудува да живеат во нејзиниот дом каде се грижи за нив и ги храни патем покрстувајќи ги и сите нејзини дома.

Симболично и Лидија Македонката, со македонската гостопримливост, шрокодушност и воведувањето на нејзините со се домот нивни во верата Христова, уште повеќе го обележуваат својот уддел и со црвената боја од ткаенините како типично македонска боја.

Токму црвената боја сеприсутна низ македонскиот фолклор, ткаенини, везови но и борба на востаничките знамиња, ќе е и бојата на македонскиот Велигден и вапцањата, на фрескописот и иконописот но и црковните знамиња. Едноставно таа вера и таа Македонија се слеваат во едно. Кој денес се обидува да го погазува она што Библијата го забранува кога вели: “Не гради на туѓи темели“.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 14411 пати
Просечна оцена од посетителите
 4,33 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

четврток, 03 октомври 2024
Моментно посетители: 30

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Св. вел. мч. Анастасија Узорешителница и др со неа
--------------------------------
 Хелените најголеми противници на Македонците
--------------------------------
 Поход на Печенезите во Македонија и нивниот крај
--------------------------------
 Св. мчци: Македониј, Татијан и Теодул
--------------------------------
 Македонско писмо кое најдолго патуваше
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: