- За разлика од нив, античките Македонци се целосна спротивност зашто живеат во различен управен модел кој и просторно се разликува.
За античкиот македонски народ градскиот државен модел е туѓа структура и наспроти неа, одсекогаш живеат на просторна територија со чести маршеви, освојувања, стационирања и селидби кулминирани со освојувањата на Алексндар III Македонски.
- Тој ги шири хоризонтите на македонскиот народ на три континенти спознавајќи непрегледни пространства, народи, божества и истории. Кулминацијата е во достигнатиот врв на космополитизам при мешањето на Азиски војници во состав на фалангите, прифаќњето на нивни обичаи, облеки, верувања и сл., па се до склучување мешани бракови.
- Токму по Александар и македонската империја се случија најважните предуслови за да дојде и до пошироко и потемелно третирање на филозофските дисциплини а во рамките на нив и историјата. Зашто дотогаш се што беше вон видокругот на Егејот се сметаше за – “Вараварство”. Дури и самите Македонци беа сметани за – “Варвари” од страна на Грците а камо ли далечните сатрапи ширум Азија или Африка. А таму Александар и Македонците сретнаа уште понапредни мислители, градби, богатства и духовни вредности.
- Не случајно Македонците водеа пишувачи за да забележат што повеќе од откритијата за овие народи и нивните истории.
Зашто единстевни четива за историјата дотогаш беа – “Илијадата”, Херодот и др. Кои воглавно пишуваа за Егејскиот басен. “Библијата” дури подоцна ќе добие своја гласност, но и долго ќе остане сама во која ќе се говори за – “ праисторијата“. Таа е единствено такво човечко дело но за историјата на еден народ и тоа избран па послужува и како основа – предлог и замена за историјата на човештвото.
Но и нејзе токму Александар и наследниците ја донесоа , преведуваа и расширија низ Европа, и не само нејзе. Папируси , кожи , истории и науки од цел свет – од Индија до Европа се собра и се создаде најголемата библиотека во светот во градот – Александрија , Египет. Тоа е македонскиот долг кон светот и историјата на филозофијата.
|