Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 9246
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Македонизам > Филизофија на Македонизмот > Македонизмот и неговата филозофија
Пропагандите во “доцнењето” на македонизмот
Сподели на Facebook
Соседските пропаганди во Македонија со националните им идеи, од средината на XIX век па натаму, пропратени со тактот на Големите сили (Русија и Австрија), во моментот кога македонската нација се барала себеси во минатите историски збиднувања, уште повеќе го отежнувале не само созревањето на македонската националната свест туку ги одвлекувало виталните сили од решавањето на горечките проблеми.
Наместо да се работи на мобилизација на македонскиот народ против османската тиранија (главниот противник), се работело на тоа секоја од овие соседски пропаганди да ги доцеди македонските сили во меѓусебна уништувачка борба. Всушност, оваа борба, во која соседните млади експанзионостички сили ги туркаат македонските маси и во која тие се пресметуваат околу освојувањето на Македонија, е една од најтрагичните околности за македонското национално движење. Така, во краевите каде губел грцизмот, се ширел и јакнел бугаризмот, или обратно, таму каде јакнел бугаризмот, добивал србизмот. Македонизмот бил целосно и со сите средства од сите нив потиснуван од Македонија.

Македонија во ова време е терен каде се судрувале многустрани интереси: бугарскиот, српскиот, грчкиот, рускиот, австрискиот, романскиот, турскиот и др. Сите тие интереси во Македонија, час се здружувале меѓу себе а против други, час се раздвојувале за да следниот миг се здружат со противничките а сега против оние со кои до скоро биле здружени. Во такви услови, многу движења, меѓу кои антигрцизмот, во кој бугарските националистички водачи, се потпомогнати од српската влада и руските словенофили, ги поттикнале Македонците на побуна против Патријаршијата (како да патријаршијата била поголем непријател од османската тиранија, која секојдневно го тероризирала македонскиот народ) не биле исклучиво самоникливо дело. Точно е дека омразата на Македонците кон грчките експлоататорски, насилнички и развратни владици била очигледна, но таа омраза најперфидно ја искористуваат бугарските националисти за одземање на македонските епархии од патријаршијата и за нивно потчинување кон бугарската егзархија. Токму во тоа антипатријаршиско движење се криеле бугарските завојувачки политички цели кон Македонија, и обратно, со оддржувањето на македонските епархии под јурисдикција на патријаршијата, грчките националисти претендираат кон Македонија. Со други зборови, спротвставеноста помеѓу големогрчките и големобугарските претензии на Македонија во тоа време е оставарувана е со мобилизација на Македонците во црковната битка.

Заради ова и таквата драма на македонскиот народ, која со години ја режираат цариградските Бугари, а делумно и Србија и руските словенофили, не можела да биде доследно ослободителна. Во тоа време таа би била таква ако е усмерена кон грчките претензии на Македонија. Но таа престанувала да биде таква ако им служела на бугарските експанзионистички интереси, не само на штета од грчките, кои оделе во создавање на “Голема Елада”, туку и на штета од македонските интереси. Низ овој политички комплекс би требало да се гледа не само на овие движења туку и на улогата од оние Македонци кои, раковедени од надвор, мобилизирале одреден дел македонски граѓани за акција против патријаршиските владици. Подоцна кога на се ова ќе се вклучат и српските, романските и интересите на другите големи сили, ќе се случи сеопшт судир и ништење на македонските прогресивни сили.

Сето ова, ќе има за последица “задоцнување” во раѓањето на македонската нација и македонзмот, но се разбира не и непојавување (или проголтување) а што било и цел на пропагандите од соседките на Македонија. Големината и силината на македонизмот е токму во тоа, жилавоста во отпорот, како и опстојот при такви сеопшти сили насочени кон негово бришење од меморијата и историјата. Дека тие и успеале во ваквите свои настојувања со други слични блиски движења најјасен доказ е “проголутувањето” на Тракијаците и нивното национално движење. Тракијците иако се со една од најдолгите историски државно-територијални континуитети, иако имаат постојани национални движења, издаваат дури и свој тракијски речник, имаат свои национални водачи и пројавена национална свест, сепак се целосно проголтани во распарчувањето на Тракија помеѓу Бугарија, Грција и Турција како и интересите на Големите сили. Македонија и македонизмот уште пожестоко удирани и распарчувани, на жалост од нејзините ништачи опстанаа и се факт и фактор, дури и денес.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 5497 пати
Просечна оцена од посетителите
 3,85 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

четврток, 03 октомври 2024
Моментно посетители: 28

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Пожар во Александриската библиотека од Христијани
--------------------------------
 Грижата и дарежливоста на Александар
--------------------------------
 Вселенските црковни собири
--------------------------------
 Македонките заслужни за победата на Аргеј I
--------------------------------
 Првото нуркачко ѕвоно на светот од Македонците
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: