Австро-Унгарските трупи при продорот на Балканот во Првата светска војна
Главни сили победнички се: Франција, Италија, Јапонија, САД и В. Британија а подоцна придружени држави се : Белгија, Чехолсовачка, Грција, Хеџас – Higaz, Кина, Кралство на Србите, Хрватите и Словенците (СХС), Куба, Полска, Романија и Сијам.
Нејскиот мир стапува на сила на 09.VIII.1920 год. и ја окончува всушност војната која во рамките на I светска војна ја започнува Бугарија против тогашна Србија и нејзините сојузници.
Нејскиот договор има 291 член и 13 поглавја чии поважни клаузули се следниве: Границите на запад, кон Кралството СХС остануваат главно како со Букурешкиот договор од 1913 год. со исправка во областите на Струмица од Македонија, како и Босилиград и Димитровград од Србија. Со овие исправки Кралството на СХС добива нови 2566 км2 територии претходно во Букуреш доделени на Бугарија.
Територии кои со Нејскиот договор се одземаат од Бугарија, а кои таа ги добила со агресија или со предходниот Букурешки договор од 1913 година
Границите на југ се сменети во корист на Грција која ја добива цела западна Тракија (Одринско) или 8712 км2 нови територии. Со ова Бугарија е одсечена и од Егејското Море со териториите кои пак неправилно ги доби претходно. Всушност најголем и постојан добитник е Грција која од незначително државиче изникна во голем и важен Балкански фактор а е најколебливиот сојузник на Антантата. На моменти дури и директно се конфронтира и е на ивица на отворен судир со сојузниците а со преговори да прејде кај Централните сили.
Бугарија за разлика од Австро-Унгарија која е целосно раздробена и уништена како држава, барем се избори да опстане, а заради изгубените територии на југ и се дозволува излез на Егејско Море но само со трговски права преку пристаништето во Дедеагач (Dedeagac, Aleksandropolis, Aleksandroupolis).
Границите на север, целата јужна Добруџа и припаѓа на Романија, со што и тука претходно надуваната Бугарија од Русите е смалена а во услови кога и Русија како царство веќе не постои а со тоа и постојаниот бугарски заштитник.
Нејскиот договор ги регулирал проблемите со државјанството, опциите на населението и.т.н на споменатите територии. Предвидено е и да оружениет сили на Бугарија исклучиво служат за оддржување на внатрешниот ред и како полициска заштита на границите а да не смеат да прејдат бројка од 20 000 војници и официри, 10 000 полицајци и жандарми и 3 000 граничари, со тоа да бројот на офицерите не преоѓа 1/20 а подофицерите 1/15 од вкупните ефективи. Најголема дозволена формација е дивизија (пд – највеќе 414 офицери и 10 780 подофицери и војници, а кд – 259 офицери и 5380 подофицери и војници). И вооружувањето и муницијата се строго ограничени: на секој илјада луѓе доаѓа најмногу до 1150 пушки и карабини и по 500 куршуми; 15 митралези со по 10 000 куршуми 4 фрлачки со по 1 000 куршуми за лесни и по 500 за тешки фрлачки; 3 полски или ридски топови (хаубици) со по 1 000 куршуми.
Градот Нејл-сир-Сен (Neuilly-sur-Seine) каде е потпишан договорот со кој силите на Антантата ги диктираат условите врз централните сили
На Бугарија и е забранет увоз на оружје и друг воен материјал. Општата воена обврска е укината а војската се пополнувала само од доброволци со рок на служба од 12 години; може да постои само едно офицерско училиште со ограничен број слушатели. Воената морнарица е укината а сите одбрамбени морнарички пловни средства се предаваат на сојузниците – освен 4 торпедалки ( без уреди за полагање мини) и 6 борбени чамци за полициска служба на Дунав и долж морскиот брег. Забрането е и военто воздухопловство.
Репарации: Бугарија се обврзува дека на сојузниците и придружните им држави ќе им исплати 2 250 милиони златни франци; плаќањето на репарациите почнува од 01.VII.1920 год., а ќе врши полугодишно, со камата и додатоци на амортизација во рок од 37 години. Долговите на Бугарија и победените држави (Австрија, Унгарија, Германија и Турција) се пренесени на сојузничките држави и вклучени во сумата за репарација. Бугарија се обврзува дека на Грција, Кралството СХС и Романија во рок од 6 месеци ќе им испорача преку 70 000 грла стока, а како компезација за разорувањата на српските јагленокопи, во текот на 5 години на Кралството СХС треба да им испорача 50 000 тони јаглен. За контрола на на извршениет бугарски компензирања и обврски од Нејскиот договор, основана е меѓусојузничка комисија во Софија, составена од по еден претставник на В. Британија, Франција и Италија.