Со судирот на силите на Антантата и Централните сили во Македонија создаден е т.н.р “македонски фронт” на кој пак од борбите настана уништување на целокупно природно и национално богатство на Македонија.
01 октомври 1915 год. – II бугарска армија започнува со борбените дејствија испраќајќи ги 13-ти Рилски пешадиски полк од 7-та дивизија и 29-ти Јамболски полк од 3-та дивизија со задача да ги насочат дејствата кон Врање а по горното течение на р.Пчиња.
Според воениот план на бугарската Врховна команда за операциите во Србија била одредена I бугарска армија на чело со Генерал-лајтнант Климент Бојаџиев а за операциите во Македонија II бугарска армија командувана од Генерал-лајтнант Георги Тодоров.
09 септември 1915 год., владата на Васил Радославов објавува мобилизација. Со царскиот указ бр.7 мобилизацијата била објавена за бугарската армија и спроведена е реквизиција. Мобилизирани се 560 000 војници
Првата година од војната - 1914 год. ниту една од двете страни, не постигнала позначајни резултати. Централните сили немале доволно сили за офанзива на сите фронтови па на Западниот фронт прешле во дефанзива а на Источниот тргнале во офанзива:
По распарчувањето од нејзините “ослободители”, вардарскиот дел од Македонија и припаднал на Србија која воспоставила воено-цивилна власт.
Со Александриската библиотека е поврзан и прочуениот “Музеј”, кој бил во нејзин склоп, но тој името го добил буквално од 9-те Музи – штитенички и славенички на разни науки и културни сфери.
Во Македонија има многу овошја кои денес масовно се одгледуваат а се од Арапско потекло. Така тие доаѓаат главно преку Шпанија од каде Арапската култура и влијане допирале.
Еден прст од другата дланка на светецот е и во манастирот со неговото име во с. Паралово. Тука го донел пред 20-тина години монахот Михаил кој преку свои луѓе од Цариград издејствувал да се пренесат дел од моштите на Св. Ѓорѓи во Македонија .
Јован VI Кантакузин се отцепил од централната власт на Византија прогласувајќи се најпрвин за деспот на областите од Дринполе и јужна Македонија. Заземајќи територии од империјата се раширил уште повеќе.
“Синдон” е името на кошулата која во средновековието низ Македонија обврзително ја носеле доилките, зашто како што верувале ги вардела од уроци и лоши магии. Тоа била посебно изработена кошула од многу тенко платно и се носела под останата облека.