Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 9384
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Историја > Среден век > Отпорот на Македонците во стопанството
Чифлигот под Турците во Македонија
Сподели на Facebook
Процесот на претварање на спахилуците во чифлици, не течел лесно. Иако потекнува уште од почетокот на XVII век, претварањето на спахилуците во чифлици, се протега се до средината на XIX век, кога и султанот, со земјишниот закон од 1858 год., конечно ги признал чифлигарските аграрно-правни односи.
Централната власт во Цариград, која до тогаш својата моќ ја создавала на основ тимарско-спахискиот систем, со сите сили настојувала да го спречи овој процес во кој под фирмата за “доброволно” одрекување на селаните од земјата, се создавале големи земјишни поседи – чифлици. Од една страна се создале крупни поседи,а, од друга страна, слободната маса селани, лишена од средствата за производство, економски е принудена да ја продава својата работна сила на чифлиците, кои како бегова своина, посредно се вклучени во орбитата на европското капитално производство.


Распаѓањето на тимарскиот систем од спахиите создава нов вид големи земјишни поседници
 
Чифликот всушност е земјоделско добро кое е главно засновано на немничката работа од обезземјените селани, ослободени од феудалната зависност. На чифлиците се произведувале земјоделски производи исклучиво наменети за пазарот. Според земјишниот законик, наречен и “Рамазански закон”, од 1858 год., во состав на еден чифлик влегувале ораниците, пасиштата, езерата, шумите и одговарачките градежни објекти: конакот на спахијата и куќичките од чифлигарите. Околу беговата кула, во еден низ или во вид на правоаголник, наредени се сиромашните куќички на полјоделците, кои како и запрежната стока и земјоделскиот алат, биле составен дел од чифликот.

Дворците на беговите со богатствата стануваат вистински феудални замоци на чифлигот - дворецот на Нијази бег во Ресен
Сиот живот на чифликот течел несреќно под надзор на чифлик-сајбијата, кој сега е признат правен сопственик, или пак на неговите застапници: субашијата и сејмените, кои вршеле пљачкосувања и насилија над полјоделците и селското население, но често краделе и од својот господар. На чифлиците често се сменувани чифлигарите. Новите се регрутирани не само меѓу домашното население туку и помеѓу населението од останатите краеви. Во некои краишта чифлик-сајбиите доведувале не само раја туку и Цигани (како на некогашните чифлички села од околината на Велес и Струмица, за што посебно пишува М.Филиповиќ во “Етнички прилики во Јужна Србија“, Скопје, 1927 год, стр. 418-420).

За насилниот пат во создавањето на чифликот не само што потврдува професорот Омер Баркан туку и извештајот на Иречековата комисија која ја проучувала положбата на безземјашите во источна Македонија, во кој се вели: “Според преданието на селаните, освојувањето на нивната земја се вршело на следниот начин:

1) со најобично “притискање”,според кажувањето на дедо Димитрија Самоковлиев, се вршело кога селаните не можеле да го платат десетокот и им останувале должни на спахиите;

2) кога селото требало да доплати крвнина, а немало пари;

3) кога агите, во бурните времиња ги штителе селаните и нивните коњи од ангарија, па ги принудувале зардаи тоа или се договарале со нив, да им дават разни подароци, кои постепено станувале редовен годишен данок (ќесим);

4) кога агите ја истерувале стоката на селската земја и со тоа ја присвојувале наградта за “ѓубрарина“ на селската земја, која селаните почнувале да ја обработуваат, а таа награда постепено се претварала во насилие “


За слични насилија пишува и Димитар Попгеоргиев, кој на основ изворните материјали, наведува повеќе случаи. Кон крајот на XVII и почетокот на XVIII век во Тиквеш, по пат на насилие, такви чифлици создавал некој Кара-паша. Тој ги избркал селаните од село Полошко, селото го разурнал, ја присвоил земјата и од неа создал чифлици, а за чифлигари ги населил оние селани бегалци кои морале да го напуштат своето огниште заради теророт од некој друг насилник, каков што бил и самиот Кара-паша. На сличен начин Кара-паша ги претворил во чифлици и селата Драгожел, Моклиште, Дабниште и некои други. Во средината на XVII век на сличен начин чифлици создавал и некој Камчуковец, додека при крајот на XVIII век истото тоа го работел Кантур-бег, кого народот го нарекол “крвник”.


Струшко и Охридско во поседот на Џеладин бег
 
На почетокот пак на XIX век се појавиле Синановец и Шакаловец кои исто така со насилие по Тиквешијата ги прогонувале селаните и создавале чифлици. Она што се случувало во Тиквешијата, се случувало и ширум Македонија. Јован Хаџивасиљевиќ споменува дека во крајот на XVIII век, некој Реџ Љок ги претворил во чифлици селата Бардовци, Ново Село и уште некои во околината на Скопје. Кон крајот на XVIII век и селото Џидимирци е претворено во чифлик а слично е и во Охридско. Така, само Џеладин  бег имал над стотина чифлици низ Охридско, до кои доаѓа по насилен пат.

На овој начин,со претварањето на спахилуците во чифлици, всушност турскиот феудализам во Македонија и на Балканот, како да се враќа чекор назад кон робовладетлски услови.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 12966 пати
Просечна оцена од посетителите
 3,9 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

среда, 04 декември 2024
Моментно посетители: 26

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Реонот на Алшар со единствени рестенија
--------------------------------
 Деветте Музи се од Македонија.
--------------------------------
 Грижата и дарежливоста на Александар
--------------------------------
 Македонија ограбена ризница на културно наследство
--------------------------------
 Филип и Александар, најчести имиња во Македонија
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: