Се појави концепцијата на т.н.р – “Специјална војна“. Иако до пред 20-тина години локалните војни се водеа воглавно во вон-Европските региони, (Европа се сметаше за решена во интересните сфери на суперсилите), сега со најновите војни посебно по распадот на Југославија, се виде дека тоа и не била баш решена работа. Иако се одпочна со Полска и револуцијата која доведе нова “демократска власт “ (со бунтот на “Солидарност” и бродоградилиштата) рушењето на Берлинскиот ѕид и спојувањето на Германија а раздвојувањето на Чешка и Словачка но и на целиот екс-СССР, на крајот беше – Балканот.
А на Балканот не беше ништо случајно. Така ПРВИ на “удар” беа – Романија и Бугарија. Првата со рушењето на режимот од Чаушеску а Бугарија со Тодор Живков. Интересно е денес што токму овие две земји се пак ПРВИ но сега во новиот “план” по кој ВЛЕГОА ВО ЕУ, како што и Полска ПРВА влезе во ЕУ од Балтичките земји а ПРВА “доживеа” револуција. Балканот целиот освен Грција (разбирливо) мина низ турбулентни фази на нестабилност и вооружени судири. Така ако во Албанија народот тргна на воените и др. магацини и да ограбува се што се создавало во безбедносна смисла (сл. и во Романија), во Бугарија и Србија се тргна на државните институции со протести, т.е со “помеки” методи. Таму се заземаа Парламентите за да дојдат “демократски“ режими но остатокот од народите на екс - Југославија завршија многу посурово. На териториите од сите нив беснееше војна. Македонија и македонскиот народ меѓу последните но со последици по сопствениот суверенитет во секоја смисла. И сето ова само ја потврди важноста на Балканот но и интересот на Големите за истиот, колку и да нас тоа не ни изгледа важно. Преку Специјалната војна се воведува концепт како можност за постигнување на стратегиски политичко- воени цели а со смалена опасност од нивна директна конфронтација. Впрочем таков ризик не си преземаа ниту при интревенциите на СССР во Чехословачка или на САД во Виетнам дури не и при кризата со Куба. Со реализацијата на оваа концепција суперсилите настојуваат да ги оддржат позициите во земјите и регионите кои представуваат нивна интересна сфера, но и да освојат позиции во зоните на “недефинирани интереси“ и евентуално да преземат позиции од спротивната страна секогаш кога за тоа ќе се укаже и најмала прилика.
Специјалната војна се води со употреба на одредени веке постоечки сили, организации и институции како и оние кои за таа цел наменски се формираат, опремуваат и обичуваат. Начелно се тежнее тие да се што помасовни, да ги има во сите структури на општеството кон кое се планира и изведува специјалната војна. Особено се дооспособуваат разните тајни и полутајни организации, друштва асоцијации и агентури на земјата – цел на пропагандата .
Начелата на специјалната војна се :
* Разновидност и оригиналност во постапките.
* Сеопфатност во изведувањето на акциите.
* Офанзивност
* Максимална информираност за противникот.
* Тајност и Безбедност во постапките.
* Изненадување.