Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 9384
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
За Македонија > Општи информации > Македонски времеплов
Јули
Сподели на Facebook

03.VII.1992 год. – Собранието на Р. Македонија ја донесе Декларацијата со која се отфрли делот пак од Друга Декларација – онаа од ЕУ, донесена во Лисабон на 27.VI.1992 год., и во која се условуваше нашата земја со нејзиното уставно име.

03.VII.2001 год. – кај селото Радуша, Скопско, бзебедносните сили на Р. Македонија водеа една од најжестоките борби против Албанскиет терористи на кои од другата страна – Косово постојано им доаѓаа нови сили. На истиот ден Албанските терористи стрелаа од заседа и врз припадници на АРМ кај Кодра Фура во близина на с. Танушевци.

04.VII.2001 год. – умре Никола Ковачевски, еден од доајените на македонското спортстко новинарство во Македонија.

05.VII.2001 год. - албанските терористи потпишаа Изјава за прекин на огнот а од Македонска страна потпишаа Началникот на ГШ Генералот Панде Петровски и Генералот на полицијта Ристо Галевски со ЕУ и НАТО.

06.VII.1999 год. – во Скопје почина Првиот Архиепископ на Македонскат православна црква во слободна и независна Р. Македонија, Г.Г. Михаил ( роден како Методи Гогов во Велес ).

06.VII.2000 год. – умре Лазар Колишевски комунистички лидер на македонското движење во и особено по Втората светска војна. Тој е историски контроверзна личност во однос постарата македонска револуционерна генерација борци и воопшто македонската историја. Со негово знаење се вршени ликвидации и на невини Македонци, испраќани и на тешки робии по Голи оток, а заобиколувајќи ги Ченто, Брашнаров, Влахов и др. прекалени функционерски кадри. Заради ова многу од нив и настрадааа. Колишевски по лукавото одстранување на старите кадри ја зеде целата власт во свои раце а со обилна поддршка на Белград и Тито до крајот на СФРЈугославија играше важна улога во Југословенската социјалистичка политика. По смртта на Тито тој беше и Претседател на СФРЈугославија. Сепак останува да се доистражат неговите уддели за време Граѓанската војна во Грција и обилната помош во луѓе, храна, муниција, санитетски и др. материјали која им е испраќана на Македонците во Егејска Македонија од тогашна Н.Р.Македонија. Најновите сведоштва покажуваат дека Колишевски не се откажувал од идејата за припојување на Егејска Македонија кон тогашната Н.Р. Македонија, но и ова изгледа е со знаење на Тито и неговата политика за излез на Југославија на две мориња и целосна контрола на цела југоисточна Европа. Сепак во тоа е спречен од Големите сили и нивните интереси кои тоа не можеа никако да му го дозволат, заради што и ја поддржаа со сите можни ресурси и средства Грција.

09.VII.1873 год. – воспоставена е железничката врска меѓу северот и југот на Македонија, меѓу нејзините два најголеми градови поврзани со истиот крвоток – реката Вардар, врската Скопје - Солун. Оваа железничка линија е пуштена 50 години по пуштањето на првата железничка линија во светот.

09.VII.1942 год. – По тешки и крвнички измачувања, Бугарските окупаторски агенти и полицајци ѕверски го убија македонскиот револуционер и народен херој Цветан Димов. Тој е роден Скопјанец зашто животот го започна во 1909 год. во Скопје а таму и го заврши во 1942 год.

09.VII.1997 год. – со масовна акција на македонската специјална и посебна полиција на МВР на Р.Македонија, беа симнати знамињата на Албанија и Турција , поставени пред општинските собранија на Гостивар и Тетово. Истовремено на истиот ден се направи девалвација на македонскиот денар за 16,1 денар кое нешто се задскри зад акцијата во Тетово и Гостивар кои пак имаа централно внимание и наредните денови.

10.VII.1998 год. – во Скопје умре Атанас Близнаков, основач на фондот Атанас Близнаков при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје, прв од ваков вид на Универзитетот, од кој се стипендираат студенти кои покажуваат особени резултати во студирањето. Близнаков е роден во с. Д,мбени, Костурско – Егејска Македонија.

10.VII.2001 год. – умре Иван Дамјанов, Академик на МАНУ, основоположник на трансфузиологијата и имунологијата во Македонија. Роден е во Ќустендил – Р. Бугарија на 06 јануари 1932 год.

11.VII.1943 год. – Македонците – политички затвореници од Кичевско, организирано со камиони се пренесени во затворите во Албанија, каде беа подложени на тешки измачувања па некои и умреа таму. Во Албанските затвори останаа се до капитулацијата на Италија.

12.VII.1992 год. - Ширум светот се оддржаа семакедосни протести со основно мото на митинзите- “ Да, Република Македонија, да “. Во САД, Западна Европа и особено најмасовни во Австралија, илјадници Македонци од сите мердијани на светот го кренаа својот глас за правата на својата земја и народ - правото на своето име и достоинство. Во Скопје скоро 50 000 Македонци допатуваа од сите краеви на Македонија протестирајќи против политиката на омаловажување и непризнавање од соседната Грција и дел од телата на ЕУ.

13.VII.1941 год. – Бугарските окупатори во револуционерното Кавадарци го убија Диме поп Атанасов, кој е воедно и првата жртва на Бугарскиот окупатор во Македонија а по превземањето на Македонија од страна на Германците. Диме поп Атанасов падна при најголемите подготовки и постојани негови движења низ Тиквешијата во нејзиното организирање за востание против Бугарите. Дека со неговото убиство не ја исплашија доказ е и што Диме е само една од безбројните жртви на Кавадарци и Тиквешијата која никогаш не се помири со окупацијата од Бугарите. На крајот Бугарите беа принудени дури и нејзините деца од 14-15 години крвнички да ги стрелаат како во револуционерната Ваташа, не би ли ја заплашиле и загушиле желбата за слобода на македонскиот народ.

13.VII.1951 год. – на “Голи оток” – ( денес во Р.Хрватска) во т.н.р “ болница на работилиштето за мермер “ по тешките маки и тортури и воопшто услови, кои беа преголемо бреме за еден човек во одминати години, умре Панко Брашнаров – Брашнар. Тој е еден од најстарите македонски револуционери и дејци, мајстар Пратеник на Првото заседание на АСНОМ и прв Претседател на АСНОМ. Единствената мисла и идеја му беше слободна и независна обединета Македонија, заради и што ја плати со својата глава од Ју-комунистичките сатрапи и домашни слуги.

12.VII.2001 год. – умре Јован Котески , македонски писател, вљубеник во својот македонски народ и неговата тешка историја, заради што во време комунистичкиот Ју-режим доживеа затварања, следења и од службите и тешки антидржавни квалификации. Сепак литературното дело на Котески изобилува со врвен квалитет и чистина, нешта што не може да ги уништат политиките на тоа време. Нив делото на Котески, одамна ги победи и надживеа.

19.VII.1921 год. – роден е Борка Талевски , народен херој на Македонија и непосреден организатор на востанието од 11 октомври во Прилеп.

19.VII.1993 год. – Р. Македонија стана 175 земја – членка на УНЕСКО.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 11300 пати
Просечна оцена од посетителите
 3 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

среда, 04 декември 2024
Моментно посетители: 34

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Св. мччка Васса со деца: Теогниј, Агапиј и Пист
--------------------------------
 Како макот ги преживеал Македонците
--------------------------------
 Прва монашка република на Балканот
--------------------------------
 Св. ап. Тимотеј
--------------------------------
 Планевите на градбите по македонскиот обичај
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: