Ѕидните слики во внатрешноста, ја сочувале годината на својот настанок и името на ктиторот, сетотоа благодарение на рускиот истражувач Виктор Григорович, кој во пролетта 1845г. го посетил и овој манастир. Во наредните години споменикот претрпел оштетувања и наведениот текст е изгубен. Од натписот дознаваме дека овој храм се соѕидал со труд Никола Божикев од градот Охрид, а во време на архиепископот Никола -1452г.
Цркви со вакво име се ретки и во Охрид и охридско е единствена: Сите Светители се почитувани како заштитници на мртвите, и оттука се претпоставува дека оваа црква служела исклучиво на култот на мртвите членови на манастирското братство: црквата денес од сите страни ја опкружуваат гробови.
Во внатрешноста е сочуван скоро целиот живопис од кој ги издвојуваме претставите на Светите Тројца во сводот и тоа: “Приготвениот Престол”- околу кој лебдат серафими и трони, “Старецот на деновите”, опкружен со серафими, ангели и тетраморфи, а над олтарниот простор е насликанИсус Христос од “Вознесението”. Едноставноста на целината и леснотијата во излагањет во Лешани оддаваатсликар кој со својата подготовка значително ја надминувал доверената задача. Зографот во Лешанскиот храм се појавува не само како искусна личност и темпераментен творец, туку и како наставувач на една посебна струја, која ги одликува спомениците на охридскиот круг, започнувајќи од шеесетите години од XIV век.