Црквата Сите Свети, с. Лешани-охридско

Црквата која е посветена на Сите Светители, со фрески од средината на XV век, припаѓа во редот на скромни, рустично ѕидани еднокорабни храмови со тристрана апсида однадвор.


Ѕидните слики во внатрешноста, ја сочувале годината на својот настанок и името на ктиторот, сетотоа благодарение на рускиот истражувач Виктор Григорович, кој во пролетта 1845г. го посетил и овој манастир. Во наредните години споменикот претрпел оштетувања и наведениот текст е изгубен. Од натписот дознаваме дека овој храм се соѕидал со труд Никола Божикев од градот Охрид, а во време на архиепископот Никола -1452г.

Цркви со вакво име се ретки и во Охрид и охридско е единствена: Сите Светители се почитувани како заштитници на мртвите, и оттука се претпоставува дека оваа црква служела исклучиво на култот на мртвите членови на манастирското братство: црквата денес од сите страни ја опкружуваат гробови.

Во внатрешноста е сочуван скоро целиот живопис од кој ги издвојуваме претставите на Светите Тројца во сводот и тоа: “Приготвениот Престол”- околу кој лебдат серафими и трони, “Старецот на деновите”, опкружен со серафими, ангели и тетраморфи, а над олтарниот простор е насликанИсус Христос од “Вознесението”. Едноставноста на целината и леснотијата во излагањет во Лешани оддаваатсликар кој со својата подготовка значително ја надминувал доверената задача. Зографот во Лешанскиот храм се појавува не само како искусна личност и темпераментен творец, туку и како наставувач на една посебна струја, која ги одликува спомениците на охридскиот круг, започнувајќи од шеесетите години од XIV век.