Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8856
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
За Македонија > Единствено во Македонија > Дали знаете дека?
Првото нуркачко ѕвоно на светот од Македонците
Сподели на Facebook

Според преданијата произлезени од богатата Александриска библиотека, спуштањето на првото нукачко ѕвоно на светот во море е дело на Македонците.

Имено Александар Македонски, занесен од идеите на неговиот учител Аристотел кој прв во историјата пишува за нуркачки ѕвона како средство за морски истражувања, дал наредба за изградба на истото. Преданијата одат и подалеку, велат дека лично Александар се спуштил во првото нуркачко ѕвоно на дното од Црвеното Море.


Средновековна илустрација на преданието за спуштањето на Александар III Македонски во првото нуркачко ѕвоно на светот

Како и да е со Александар, но со помош на овие нуркачки ѕвона по ова веќе се ваделе морскиот сунгер, алги, школки, ѕвезди и сл. за потребите на македонската империја. Даден и опис на фуккционирањето од овие ѕвона.


Друг поедноставен средновековен приказ на спуштањето од Александар Македонски во првото нуркачко ѕвоно

При вертикално потопување, водата влегувала низ долниот отвор, додека надворешниот притисок не се изедначел со притисокот на воздухот од внатрешноста на ѕвоното а ако со доведување на воздух од површината притисокот се повишел над надворешниот, водата не влегувала во ѕвоното. Тежината на нуркачкото ѕвоно морала да биде секогаш поголема од неговото издигнување. Однадвор билал монтирана помошна справа за подигање и спуштање од брегот или помошниот брод, а внатрешноста уредена колку да можат да престојуваат луѓе.

По ова практична примена нуркачките ѕвона пак ќе најдат дури во средниот век кога пронајдоците и науката од антиката почнуваат да се враќаат на сцена.Шпанија како поморска сила во XVI и XVII век ќе почне да ги применува кај Каталонија, богата со сунгер. Но овие биле попримитивни нуркачки ѕвона, правени од дрво појачувано со железни обрачи и оптеретени на дното со тешки ѓулиња. Петар Велики во Русија употребува нуркачки ѕвона за вадење на потонати бродови и за хидротехнички работи. Веќе во XVIII век се употребуваат поопремени ѕвона главно при изградба на мостови, пристаништа и сл. во Англија,Франција, Германија и др.


Илустрации за начини на користење нуркачко ѕвоно и неговата функција при изградба на столбови за мостови и слични градби, како и пребарување на остатоци од потонати бродови

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 9351 пати
Просечна оцена од посетителите
 4,75 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

петок, 19 април 2024
Моментно посетители: 11

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Во Јапонскиот парламент – “Лига за Македонија”
--------------------------------
 Јасриб – е првичното име на Медина
--------------------------------
 Преп. мајка Синклитикија
--------------------------------
 Линкестите – македонско племе на рисови
--------------------------------
 Обуката на македонската фаланга
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: