Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 7448
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
За Македонија > Единствено во Македонија > Дали знаете дека?
Описи за набивање на колец
Сподели на Facebook

Набивањето на колец е најстрашната казна која Османлиите ја применувале обично кон ајдуците, востаници или разбојници.

Бунтовната Македонија има вакви погубувања како најпознатиот водач Карпош кој е набиен на колец а потоа му е отсечена главата крај камениот мост во Скопје, но и други.


Сликовен приказ од осуден со набивање на колец

За овој чин ни даваат повеќе описи патеписците. Најстариот опис е од Јакобо Промонтарио од 1475 год. Англискиот патеписец Манди од неговото патување во 1620 Манди, вака опишува едно јавно набивање на колец:

- Се земало долг колец кој како се оди кон врвот е се потенок и шилест. Врвот е добро измазнет, намачкан со лој а понекогаш и окован со метал. На осуденикот му ги врзувале рацете и нозете, го легнувале на земја и повеќемина го стегале а џелатот почнувал со набивање на колецот од задниот отвор. Додека џелатот удирал со чекан по колецот, другите ја тегнеле жртвата за врзаните нозе во спротивен правец.

Притоа внимавале да не се оштети срцето и белиот дроб за несреќникот да живее и да се мачи подолго. Колецот излегувал на грбот зад вратот. Потоа колецот, заедно со жртвата, го исправале и долниот дел го закопувале. Рацете и нозете на осудениот некогаш му ги оставале одврзани, а понекогаш му ги одврзувале за да прета.
Манди тогаш ги чул најстрашните и најморничави лелеци.


Германецот Таубе во 1777 год. како очевидец раскажува дека жртвата некогаш умирала по неколку часа а имало случаи да живее и по осум дена. Осуденикот на колецот претал, пцуел, колнел, лелекал и особено страдал од жед, но на роднините им било забрането да му дадат вода. Особено го пцуеле пророкот Мухамед, за да ги предизвикаат стражарите, да ги убијат и им се скратат маките. Откако осудениот ќе умрел на колецот, кучињата го дрпале по нозете и телото, а птиците го колвеле.


Осудениот со денови умирал додека стражата не дозволувала пристап на роднини или да му се скратат маките

Да се видат набиени луѓе на кол не била ретка појава во турско време што ни го потврдува патеписецот Савијур Лузињан кој низ Балканот поминал во 1786 год.(особено имало по Одринско). За набивањето на кол турските документи употребуваат израз – “kaziga vurdi”.

Од еден ферман од 1502 год. дознаваме дека околу Кратово биле фатени 10 ајдуци кои напаѓале карвани меѓу Сер, Струмица и Пловдив и сите се набиени на колец. Во ферманот пишува дека “оваа казна ќе служела за пример и дека жителите на Кратово одамна не паметеле за извршување на таква казна”.

Во март 1503 год. и кадијата од Штип пишува до Портата дека наредил да се набијат на колец 10 ајдуци бидејќи го ограбиле карванот на Дубровчанецот Џиво Волчиќ и убиле неколку лица. Но интересно е од ова случка што иако кадијата ги казнил вака ,Дубровчаните не биле задоволни бидејќи осудените не ги препознавале па тврделе дека вистинските се сосем други.

Од ова се гледа и дека жестокоста на казнувањето е применувана и за да само наводно се задоволи некаква правдина а најмалку заради вистината, па само може да се претпоставува кој е вистинскиот нарачател на нападите врз богатите карвани.

Но во Македонија се забележува и друг пример кога ајдуците и бунтовниците фаќале претставници од турската власт и тие фатените ги набивале на колец. Со ова влијаеле на спласнувањето во примената на оваа мерка, едноставно се потешко се собирале даноците оти поретко имало службеници кои подолго би патувале. Ретки вакви мерки се забележуваат до некаде 1830 год., после што не се применуваат.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 7242 пати
Просечна оцена од посетителите
 5 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

недела, 20 август 2017
Моментно посетители: 75

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 ”Алшар”– единствено наоѓалиште во светот на…
--------------------------------
 Македонците и воената кола, двоколка
--------------------------------
 Свешт. мч. Игнатиј Богоносец
--------------------------------
 Аквадуктите и нивната функција
--------------------------------
 Времената мерка - “Овнов рог”, или половина век
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: