Од 2004 год., рудникот е евидентиран како споменик на природата и дел од мрежата на “Емералд” - мрежата за заштита на природните реткости.
Во “Алшар” досега се регистрирани десетици видови минерали. Од нив дури седум ги има само во Македонија, а за најзначен се смета - лорандитот.
Заради ова и македонски стручњаци се вклучени во експериментот кој може да ја измени алармантната состојба на загадувањето со фосилни горива и да се дојде до производство на еколошки чиста енергија.
Со овие истражувања се очекува да се покаже како се создава енергијата на сонцето и на таа база создавање на нов моќен енергетски извор, соодветен на онаа од сонцето.
Ова значи дека би можело да се произведуваат т.н “мали сонца”, што би ги заменило атомските централи, а не се радиоактивни. Уште пред стотина години од “Алшар” испитувале руда елитните Универзитети во Прага, Виена, Будимпешта и за она време биле пронајдени дотогаш непознати минерали.
Во 250 000 тони руда која содржи 2% арсен, 2,5% антимон и 0,1% талиум што го прави рудникот најбогато и единствено наоѓалиште на талиум во светот, кој пак се користи за вселенски истражувања и во телекомуникациските технологии.