Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 9388
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
За Македонија > Единствено во Македонија > Дали знаете дека?
Мариово–македонска автономна област под Отоманите
Сподели на Facebook

Врз основ на Турските архиви повеќе историчари од Балканот, потврдуваат дека Мариово во XVI XVII век уживало извесна “земска автономија” со “земски кметови”

(В.Радовановиќ – “Народна ношња у Маријову” – Гласник скопског друштва, књ. XIV, Одљење друштвених наука 8, Скопље 1935, 107 – 179. књ. XV-XVI/9-10, Скопље 1936, 127-208; Стоилов- “Мариово, Периодическо списание на Б`лгарското книжевно дружество“, год. IX, кн. XLVII, Средец 1894, 750-757; Еничерев- “Возпоминанија и бележки“, софија 1906 год. и Георги Траичев -”Мариово“, Софија 1923 год.)

Во турските документи Мариово се води и како хас што пак е уживање извесен феудален имунитет кој ослободувал од државни даноци и мешање во автономијата. Така Турците можеле само да конакуваат и добијат храна при евентуални визити. Во документите овој феудален имунитет се води и под поимот “serbestiyet“, што означувало ослободеност од плаќање даноци особено од државните а ако имало некави тоа било само кон феудалецот во чиј посед бил хасот.

Мариово како хас се споменува во многу документи почнувајќи од 1481 год., кога било хас на мирмиранот на Румелија.
Со пописот од 1519 год. тоа е хас на Големиот везир Мехмед-паша (Defter-i mucmel No 73, фот. 60. Мехмед-паша е Голем взеир од 1518 до 1523 год.). Во пописот од 1528/29 е регистрирано како личен хас на султанот (Tany дефтери 149, лист 303, 304 и 305 ). По ова во дефтерот од 1544/45 год. Мариово влегува во хасот на везирот Мехмед-паша.

Во 1564/65 год. за време на големата Мариовска буна, тоа е хас на везирот Мустафа-паша и иако навидум е најголема турската моќ за време на Сулејман Величенствениот, тоа е и време на првите судири меѓу турските феудалци. Паѓа економијата, зголемен е притисокот и теророт врз народот кому се наметнуваат се поголеми давачки. Се зголемува и притисокот врз Мариовците кои навикнати на својата автономија, не биле волни да ја отстапат, па се креваат на бунт.

Но и народното предание ја потврдува Мариовската автономија и нејзиниот крај.Тоа вели дека при доаѓањето на првиот султан во Прилеп тој наидува на девојката Мара, родум од Мариовската област. Заслепен од нејзината убавина, ја посакал за жена. За да ја одоброволи пак во нејзината одлука, издал декрет со кој Мариово засекогаш добива статус на хас или слична автономија, ослободена од било какви давачки према државата. По Мара ова област го добила и името Мариово а декретот се почитувал ете до 1564 год. кога избива првата Мариовска буна.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 9074 пати
Просечна оцена од посетителите
 4,28 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

петок, 06 декември 2024
Моментно посетители: 157

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Во Јапонскиот парламент – “Лига за Македонија”
--------------------------------
 Втор вселенски собор
--------------------------------
 Играорки Јапонки во групата Билјана
--------------------------------
 Македонија ограбена ризница на културно наследство
--------------------------------
 “Бранденбург” единици (II светска војна)
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: