Јарецот како македонски симбол
|
Јарецот е и на многу монети на позадината. Но од каде сето ова и што има врска воопшто со сите круни?
Во борбите за обединување на македонските племиња во единствена македонска држава, Каран освојувајќи ја идната престолнина Ајгаи (Воден), навлегол заштитен од маглите но и стадата кози предводени од еден голем и рогат јарец.
Бидејќи овој град бил клучен за Каран, тој суеверно од тогаш во битките пред себе терал кози а на себе почнал да ги носи раскошните рогови од јарецот, како симбол на непобедливост и сигурно водство а тоа го правеле и другите кралеви по него.
Ги носел поставени на главата со посебни ленти, кои подоцна кај македонските кралеви се златни како и роговите. Токму заради роговите е добиено и името на овој крал, па така и се води– Каран (што буквално преведено значи- Рогат).
Секој нов крал како знак дека се прогласува за нов водач, при церемонијата, како обврзителен декор му се поставувала и круната- рогови како симбол на водството. Со ширењето на својата империја се шири и овој необичен обичај. Така дури и во исламот се среќава поимот “Зул Карнијан”, што преведено заначи исто но во множина (“оној со два рога“).
Јарецот и роговите како атрибути на монети во чест на македонскиот крал Каран
Со време круната ќе добива различни облици при што морало да има шилесто издатоци асоцирајќи- рогови, но со се повеќе такви издатоци. И името на круната води потекло од Каран (Рогат).
Имено КАРАН=КОРОН (а) или КОРОНА средновековно, многу подоцна упростено КРУНА. За легендата фрапира идентичноста во преданието кај Јустин и кај Миладиновци кои по речиси 20 века од Јустин ја собираат од народните преданија.
Ова ќе рече и дека македонскиот народ цели 26 века сметајќи пак од VIII век п.н.е кога и владеел Каран па до Миладиновци кај преданието за градот Воден е целосно идентично.
(За Каран и македонското кралство и кај Кацаров н.р 37, па во капиталната германската историографија - Историја на Македонија 1,2 и 3, Грифит и Уелбанк,кај - Томиќ П. - Повијест Римска , Загреб 1884 г., потоа во - Глас ЦКА кн.CLX /82 - Ратовање македонског краља Персеја с Римљанима у нашој земљи 170 и 169 г, пре Христа- Београд 1934 год., но и кај Hammond N.Gl and Walbank F.W., A.Histori of Macedonia Vol III ( 336 - 167 B.C), Oxford 1988.)
Водопадите кај Воден (античка Ајгаи) покрај кои Каран неприметен влегол во Градот, заштитен од маглите и стадата кози
|