Останувајќи вдовица со три свои чеда, Теодотија целосно се предала на Божја служба и на воспитување на своите деца во благочестивата вера.
Кај неа седела св. Анастасија кога била во Македонија и заедно со неа ги посетувала затворениците заради Христа по затворите. Кога била изведена на суд, Теодотија смело го исповедала Христа Господа. Тогаш била испратена кај антипатот Никитиј Витиниски. Кога еден бесрамен незнабожец сакал да се допре до нејзиното тело, наеднаш здогледал крај неа ангел Божји и бил удрен од ангелот. На смрт осудена и во вжарена печка фрлена заедно со трите свои деца, св. Теодотија чесно го завршила својот живот и преминала во царството на вечната слава.
Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре
Воените лукавства (eng, ruse, strategem, franc. strategeme, deception, ruse de guerre, ital. Stratagemma, germ. Kriegslist) се збир од активности со кои непријателот се доведува во заблуда за да постапува како што му одговара на противникот.
По победата над кралот Пор во Индија, Александар во палатата наишол на богатство кое се состоело од големи количини злато.
Според Управата за заштита на културното наследство од Македонија низ светот се однесени преку 20 000 вредни икони.
Аквадуктот (лат. aquaeductus) претставува збир од градежни конструкции и направи што ја доведувале водата во одделни антички населбени средишта.
Лесновскиот манастир низ целото средновековие но и подоцна бил големо православно светилиште