Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 7519
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
За Македонија > Единствено во Македонија > Дали знаете дека?
Св. мччки Агапија, Хионија и Ирина
Сподели на Facebook

. Родени сестри се од околината на Аквилеја. Кога царот Диоклецијан престојувал во Аквилеја, наредил да се погуби познатиот духовник Хрисогон.

Во тоа време некој стар презвитер Зоил имал видение со кое му се открило каде се наоѓа непогребано телото Хрисогоново. Старецот побрзал, го нашол телото на маченикот, го положил во сандак и го држел во својот дом. На триесеттиот ден после тоа, му се јавил и св. Хрисогон и го известил дека во текот на девет дена оние три девојки маченички ќе пострадаат, а дека и тој во тоа време ќе се претстави. Истото тоа известие го примила во видение и Анастасија Узорешителница, која тргнала по својот учител Хрисогон. И навистина после девет дена и старецот Зоил се претставил и оние три сестри биле изведени на суд пред царот.

Царот ги советувал светите девојки да им се поклонат на идолите, но тие сите откажале и ја исповедиле својата тврда вера во Христа. Ирина му кажала на царот како е безумно да им се поклонуваме на нешта од камен и дрво што се порачани за договорена цена, да се направат од рацете на некаков смртен човек. Разлутен царот ги фрлил во самица. А кога царот пошол во Македонија, ги повеле по него сите робови и заробеници, меѓу кои и овие три свети сестри. Царот му ги дал на некој војвода Дулкитиј на тормозење. Овој војвода, распален со мрачна страст, сакал да ги обесчсти девиците, но кога сакал да влезе при нив во самицата, во времето кога тие Му се молеле на Бога, нему му се зел умот, та нападнал на црните котли и тенџериња пред вратата да ги гушка и бакнува и си заминал целиот исцрнат.

Слушнувајќи царот за овој случај, наредил друг војвода, Сисиниј, да го преземе судењето на овие свети сестри. По тешкото тормозење, судијата ги осудил првите две сестри на изгорување, а Ирина ја задржал некое време, надевајќи се дека ќе може да ја обесчести. Но кога ја испратил Ирина по војниците во блудилиште, ангели Божји ја спасиле оваа чиста девица, ги вратиле војниците, а неа ја извеле на еден рид. Утредента војводата излегол со војници на тој рид, но не можејќи да се доискачи, наредил и Ирина со стрели ја застрелале. Света Анастасија ги собрала сите три тела на едно место и чесно ги погребала. Сите чесно пострадале за Царот и Господ Христос околу 304 година.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 6107 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

среда, 13 декември 2017
Моментно посетители: 22

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Поход на Скитите кон Македонија и нивниот крај
--------------------------------
 Византија паѓа заради долгови
--------------------------------
 Децимирање – казна десеткување заради малодушност
--------------------------------
 Македонците ги носат слоновите во Европа
--------------------------------
 Св. мч. Пасикрат, Валентион, Јулиј и др
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: