Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8863
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
За Македонија > Единствено во Македонија > Дали знаете дека?
Двобојот и Македонците
Сподели на Facebook
Двобојот ( lat.”duellum”, franc.”duel”, germ. “Zweikampf”) е решавање на спор со оружена борба помеѓу две лица, со претходен договор.
Од најстарите историски двобои познати се оние на сумерскиот јунак Гилгамеш од истоимениот еп, кој води двобои со разни противници, потоа библискиот двобој помеѓу Давид и Голијат како и сите двобои од  „Илјада“.


Еден од најпознатите двобои е библискиот помеѓу Давид и Голијат

За нас како Македонци од овие најстари двобои покрај митските двобои на Херакле против разните противници (главно чудовишта) особено се интересни оние од Илијадата каде конкретни историски личности од македонските најстари племиња водат двобои со своите противници - Грците. Од средновековието пак познати се двобоите на кралот Марко против разните јанкесеџии, Црни Арапини и сл. противници. Но да ги видиме најстарите јунаци од Македонија кои во Илијадата бијат двобои против најголемиот јунак и полубог Ахил и другите грчки јунаци. Тие се надалеку познати по своите “криви лакови и долги копја” нешта кои и подоцна во македонската фаланга ќе се главните борбени атрибути.

Денешни остатоци од градот - престолнина на античката македонска Пелагонија именувана по епонимот Пелагон повеќе пати споменуван во „Илијадата“
Прв е жестокиот двобој помеѓу Пирајхме, првиот водач на Пеонците и Патроколо од кој несреќно загинува Пирајхме, но затоа неговото место го завзема вториот силен воин-водач од Македонија Астеропај синот на Пелагон. Со неговата брзина и вештина ниту најсилниот Ахил не можи лесно да излезе на крај, дури добива рана од него зашто дури Ахил едното копје го пуштил промашувајќи Астеропај две му пуштил попрецизни. Во Илијадата за неговото потекло се вели дека е син на Пелагон што широкострујниот Аксиј (Вардар) со Перибоја (најстарата ќерка од Акесамен го родиле). Илјадата вака го опишува овој миг од двобојот помеѓу Астеропај и Ахил:

“ ...На него навалил Ахил, а тој пред реката стоел
напред со две копја в раце; во срцето смелост му влеал
Ксант, зар негодувал тој за убиени момци многу,
што му ги убивал Ахил низ рекана без милост сите.
Кога пак еден до друг се приближиле двајцата мажи,
тогај му прозборил прв брзоногиот божествен Ахил:
“Кој и од каде си ти, што си м`излегол пред мене смело?
чеда од несреќни зар ја обидуваат мојата сила“.
Светлиот син Пелагонов му одвратил потоа нему:
“Зошто за рода ме прашаш, еј срчен сине Пелејев?
Јас од Пеонија сум, од далечна грутчеста земја;
Пеонци мажи си водам со предолги копја, што сега
единаесетта зора ми е, как дојдоф во Илиј.
Родот пак мене ми е од широкострујниот Аксиј (з.н -Вардар),
[Аксиј, што нашата земја со красните води ја кваси]
што Пелагона го родил, по копјето славен, што вељат,
мене ме родил, но сега да с`удриме, Ахиле славен.“
Вака со закан рекол, а дивниот Ахил му кренал
копје од јасен, но две истовремено копја
исфрлил Астеропај, што бил вешт во рацете мошне;
с`едното копје го згодил, но не му го продупил овој
штитот, зашт` златото него го задржа, дарот на бога,
а пак со другото г`удрил во десната рака под лактот,
расек му сторил, та црна крв прснала; копјето летна
преку, се закачи в земја, да изеде снага сакајќи.
Вториов јасеновото копје, што летнало право, го пуштил
напред кон Астеропаја, да г`убие него пекајќи;
Туку го промашил него, а погодил висока карпа,
дополу в брег се закачило зар јасеновот копје..“


По ова се редат двобои на Ахил со други јунаци од Македонија - Терсилох, Астипил, Мидон,Трасиј, Мнес, Ајниј и Офилест.
Како и да е овие борби повеќе претставуваат симболички судир на народите или војските одошто двобои какви што се познати на пример во Средниот и Новиот век.

(Извори: Хомер, “Илијада“; A.Grisler, “Les armes et duel”, Pariz 1847; G. Hergsell, “Duell-Codex”, Vienna-Lajpcig 1897; Bruneau de Laborie, “Les Lois du Duel”, Pariz 1912)

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 6655 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

среда, 24 април 2024
Моментно посетители: 124

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Св. Прохор Пчињски
--------------------------------
 Св. вел. мч. Анастасија Узорешителница и др со неа
--------------------------------
 “Бесмртните” усмртени од македонската фаланга
--------------------------------
 Абодрити, словенско племе во Дакија
--------------------------------
 Поимот лептерно (лефтерно – лесно)
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: