Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8864
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
За Македонија > Единствено во Македонија > Дали знаете дека?
Македонците и чамците
Сподели на Facebook
Чамецот (eng. “boat”,”small boat”; franc.”embarcation”, “canot”; ital. “imbarcazione”, “barca”; germ. “Boot”,”Fahrzeug”; рус. “лодка“) е помало пловно средство обично без палуба или е само делумно покриено.
Наменет е за превоз на луѓе и терет, за спасување, рибарење и спорт, за обавување поморски и технички работи и извршување на воени задачи. Пловидбата му е ограничена на помали одалечености, а употребата во незаштитените води е условена од временските прилики.

Македонија уште од најдлабоката своја историја како земја богата со реки, природни езера и излез на Белото Море, развила свој систем на премин преку водите или користење на водните богатства. Најстаро пловечко средство кое го користеле прото Македонците е чамецот. Денес наоѓаме многу примероци на трупјести чамци и од македонскиот неолит, особено низ некогашните наколни населби, некои стари и по 4 000-5000 години.


4000 години старите чамци денес во Домот на кутурата во Ресен

Прво пак средство на кое воопшто човекот се отиснал низ водата е обично трупло. Со времето му се дава попогоден облик, за што подобро совладување на отпорот на водата и поголема сигурност. Трупот заради ова се длаби, предната страна се изострува а дното се заоблува. Всушност, вака и настанува чамецот, сограден од едно парче-труп, наречен и моноксил.

Низ историјата на разни народи се среќаваат и разни чамци, спрема материјалот со кој располагале. Покрај дрвото, ги граделе и од папирус, прaт, трски и кожи. Египќаните најпрвин ги правеле од папирус но бидејќи папирусот е рапав и ствара отпор во водата, прешле на дрвени чамци (Херодот наведува дека Египќаните чамците ги градат од багрем).


Египќаните први развиваат весла и едра кај чамците

Првите чамци човекот ги потиснува грабајќи со рацете низ водата но подоцна користи мали дрвени лопатки кои прераснуваат во весла. Египќаните први користат весла а подоцна и кормило и едра. Првото кормило било слично на весло, наместено косо во средината на крмата.

Според Херодот чамците кај Aсирците и Вавилонците биле од трска и шибје кружни како кошара, и пресвлечени со кожа премачкана со битумен. Според римскиот историчар Полибие пак, феникиските чамци биле од либиски кедар, кој го имало во изобиле во нивната непосредна позадина. Феникиските бродови ги прателе лесни чамци со кратки линии и рамно дно, за да можат да оперираат во плитките води каде што не можеле да оперираат големите бродови. За облиците пак на македонските, римските и грчките чамци постојат многу слики и мозаици но и пишани податоци за начинот на нивно користење.


Бродовите од македонската поморска флота теглеле и носеле бројни чамци за истоварање на војниците

Така кај античките Македонци има многу типови чамци и секој имал свое име (“лембос”,”линтер “,”кимба“ и др.). Исто така забележано е дека кога Македонците конечно ја оформуваат својата голема поморска флота на чело со адмиралот Неарх, воените бродови теглеле или носеле различен број на чамци за истоварање на војниците на брегот.

(Користени извори: R.Ritmeyer, “Seekriege und Seekriegswesen in ihrer weltgeschichtlichen Entwicklung”, Berlin 1907; H.Sudar,”Von Einbaum und Floss zum Schiff”, Berlin 1930; H.Warington Smyth,”Mast and Sail in Europe and Asia”, London 1931; E.Bloomster, “Sauing and Small Graft Down The Ages”, Anapolis 1940 и др.)

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 7681 пати
Просечна оцена од посетителите
 5 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

среда, 24 април 2024
Моментно посетители: 90

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Крстот на кој е распнат Исус, низ Македонија
--------------------------------
 Преп. Теофил Мироточив
--------------------------------
 Св. Стефан патријарх Цариградски
--------------------------------
 Грижата и дарежливоста на Александар
--------------------------------
 Првата црква во Европа е во Македонија
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: