Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8855
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
За Македонија > Единствено во Македонија > Дали знаете дека?
Македонците и базите
Сподели на Facebook
Базата (“basis”, чекор) е основа или темел. Воената база пак (eng. franc. “base”, germ. “basis”, рус. “база “) е ослон на воените сили органзирани заради нивното дејство.
Иако се уочени уште од најстарите времиња, самиот термин база е воведен во воената литератута од Билов кон крајот на XVIII век, кога теоријата на стратегијата (оператика) добива замав.

Кога се во прашање воопшто базите како копнена основа за поголеми освојувања и инвазии тогаш нивните карактеристики се пошироки. Имено, вака сфатената база се јавува на прагот од историјата со градовите – држави на Сумерците и другите народи на Предна Азија, Индија и Кина.


Ширењето на старите народи од предна Азија од нивните воени бази

Асуан и Пелузиум на јужната и северната капија од Египет се посилно изразени бази уште од Старото царство, во третиот милениум п.н.е. Тогаш се уште дефанзивни, тие се ослон на силите кои имаат задача да ги спречат упадите од двата правци, едниот од кој земјата може озбилно да се загрози, а подоцна во времето на египетската експанзија која започнува во средината на вториот милениум п.н.е со Тутмес I, очигледно се со офанзивен ослон за упад во Нубија и Палестина.

Како Египќаните и Грците (Хелените) имаат свои утврдени градови-држави и свои прекуморски ослони (колонии), но кај нив се приметуваат и некои нови појави. Атина и Пиреја се споени во “V” во поморска и копнена база, најјака дотогаш воочена. Во Пелопонеската војна паѓа во очи и базата која Спартанците ја подигаат кај Декелеја недалеку од Атина за да можат непосредно да протискаат од копно.


Грците (Хелените) од Атина (Пиреја) како база го шират своето воено и политичко влијание во земјите на Средоземното море

Но кога се Македонците во прашање значењето на базите е далекусежно зголемено и со една стратегиско-оперативна иновативност. Така Александар III Македонски пред воопшто да тргне во инвазија на Азија стратегиски најпрвин врши освојувања на целиот источен брег од Средоземното и Егејското Море (од Мореуз до Египет), пред да продре во внатрешноста на Азија.


Александар Македонски, владетел на светот, средновековна мапа која ги покажува македонските бази и патишта при освојувањето на светот

Тоа е за прв пат во историјата, стратегиска основица од така големи размери така јасно да се гледа и свесно оперативно да се оставрува. Во текот на своите понатамошни походи Александар и Македонците ќе подигнат низа на градови како воени ослони на својата власт и на ист начин ги осигуруваат своите издолжени комуникации. Цели градови стратегиски поставени и изградени од темел на најважните правци како Александрија на египетскиот брег, ќе се важни бази не само за војничките освојувања но и воопшто другите освојувања (од експлоатацијата на рудните и природни богатства, човечки и други потенцијали од дотогаш освените подрачја па се до ширењето на културните и слични влијанија од Македонија).

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4932 пати
Просечна оцена од посетителите
 5 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

петок, 19 април 2024
Моментно посетители: 40

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Поимот лептерно (лефтерно – лесно)
--------------------------------
 Чудната царица Теодора
--------------------------------
 Први зоолошки истражувања во Македонија
--------------------------------
 Најпознатото Асеманово евангелие од Македонија
--------------------------------
 Свештмч. Мокиј
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: