Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8862
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
За Македонија > Единствено во Македонија > Дали знаете дека?
Хелените најголеми противници на Македонците
Сподели на Facebook
Атина денес најдрско си ја превзема како своја целокупната историја на македонскиот народ и воопшто историјата на Македонија но всушност таа и Грците се најпостојаните противници и непријатели на Македонија и Македонците.
Не само што се во повремени судири и со македонските кралеви-претходници на Филип II Македонски, но особено со и по него тие добиваат на жестина. Токму Атина како и секогаш кога Грците (Хелените) се пред надворешна опасност е предводник на сојузот од сите грчки градови-држави против Македонците и Филип.


Филип II Македонски најпрво ја поразува обединета „Грција“ (Хелада), а потоа станува и нејзин хегемон

338 год. п.н.е, на 02 август Грција како сојуз од обединети грчки градови-држави (полиси) со сите свои војски е жестоко поразена од Македонците и ќе е долго под македонски хегемонизам кој се обидува да го отфрли со бројни востанија и надворешни сојузи.

335 год. п.н.е, се крева грчко востание предводено од Атина а особено ревносна е Теба која го ликвидира македонскиот гарнизон а убива и други Македонци. Александар III Македонски трга молњевито од кај Дунав на север и крваво се справува со Грците. Особено страда градот Теба кој го срамнува со земјата убивајќи речиси се што е жител а продавајќи како робје илјадници други преживеани.

Иако Атина е со големи поморски потенцијали, за походот на Македонците кон Азија - скромни
334 год. п.н.е, Грците во се ќе ги бојкотираат Македонците. При походот на Азија во оваа година, тие мора да даваат трупи особено поморски во што Македонците заостанувале, а им се потребни за походот. Со најразлични оправданија Атина (како прва поморска сила) испраќа само 20 бродови за големиот поход на Александар но големи грчки контигенти војска се борат на страната од Персија против Македонија и тоа во првите редови.

323 год. п.н.е, веста за смртта на Александар за Грција и Грците е најрадосната, помислија дека со тоа дојде и крајот на нивното ропство под Македонците, па се дигаат на востание (Ламиска војна). Предводник и на оваа востание е Атина. Сега Атина ги користи сите расположиви поморски сили: преку 360 бродови-триери, 50 тетрери и 7 пентери, но и покрај тоа грчкото движење е угушено. Македонската империја по големите освојувања на исток веќе располага со силни поморски трупи.

266-262 год. п.н.е, Грција повторно е востаната против Македонија во т.н.р Хремонидска војна водена во овие четири години. Водачи на ова востание се браќата Глаукон и Хремонид и повторно Атина е градот – предводник на Грците против македонскиот јарем кој се обидуваат да го отфрлат. Но овие постојани грчки востанија кога Македонија е зафатена со други војни толку ги разлутува Македонците што сега Атина и Грција се под непосредна власт на Македонија за разлика од дотогашната каква-таква полуслобода. Атина од тогаш губи било какво политичко значење.

Сула ќе и стави крај на грчката важност како воена сила на Стариот свет
252 год. п.н.е, македонскиот крал Антигон Гоната сепак и ја враќа полуслободната положба но е претпазлив па македонскиот гарнизон војска го повлекува дури во 229 год. п.н.е од Пиреја. Но ова ќе се покаже како кобно за Македонија, Атина и Грците во претстојните македонско-римски војни најдиректно ќе се постојано на римска страна, вршејќи најразлична помош за Римјаните против Македонците. На крајот како и секој сателит откога ќе си ја отслужи улогата и не ќе е потребен така и Атина и Грците во 86 год. п.н.е римскиот конзул Сула најкрваво ќе ја уништи по нејзиното востание. Од тогаш ќе ја снема засекогаш Атина и Грција како некогашна воена сила на стариот свет.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 12939 пати
Просечна оцена од посетителите
 5 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

вторник, 23 април 2024
Моментно посетители: 59

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Првото нуркачко ѕвоно на светот од Македонците
--------------------------------
 Св. мччки Агапија, Хионија и Ирина
--------------------------------
 Јасриб – е првичното име на Медина
--------------------------------
 Првиот Млековод на Балканот во Македонија
--------------------------------
 Кошула за вардење од уроци
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: