Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 8828
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
За Македонија > Единствено во Македонија > Дали знаете дека?
Цесија
Сподели на Facebook
Цесија е отстапување на територија од една на друга држава со меѓусебен договор (двостран акт со кој на другата држава и се предава територија над која оваа сега ќе има право да го протега својот суверенитет).
На двостраноста од актот цесија – договорноста – се заснова битната разлика помеѓу анексијата и цесијата, макар што и првата може да се потпира на договор но изнуден (како при анексијата на Тексас или Алзас и Лорен во 1871 год.).

До цесија доаѓа и за време на мир но и при војна. Цесијата со меѓусебен договор може да е со или без соодветна надохнада.

1. Без надохнада, отстапувањето настапува како последица на војна или закана со војна, всушност принудата се “обландира” во форма на доброволност, што пак е прикриен облик на анексија.

2. Со надохнада, кога отстапувањата не се врзани за војна, но се врзани за надохнада, која може да биде :


- во форма на политички противуслуги,
- во форма на надохнада во пари (купопродажба),
- во форма стекнување право на доверителот над залогот во предвидениот рок
- во форма на размена на територии.

2.1. Купопродажбата на еден дел од државана територија порано била честа, кога владетелот неограничено располагал со својата држава, но ја сретнуваме и подоцна. 
Примери за продажба на свои територии :

- 1803 год. САД ја купуваат – Луизијана од Франција,
- 1867 год. САД ја купуваат – Аљаска од Русија,
- 1917 год. САД ги купуваат данскиот дел од Девствените острови,
- 1899 год. Германија ги купува Маријанските и Каролинските острови од Шпанија.


Луизијана САД ја купија од Франција во 1803 година

* Но Македонија е пак интересен пример и за овие форми, имено :

- 1945 год., Н.Р. Македонија отстапува територии кон Србија на северо-исток околу ман. Прохор Пчињски и на северо-запад кон областа Гора – Косово тогаш во состав на Србија, со обичен договор од комунистичките лидери на Србија и Македонија. Кои македонски лидери за овој чин што добија како лична “владетелска” надохнада (бидејќи само владетели може да си приуштат ваков луксуз да даваат територии)?!

- 2003 год., се врши нова територијална поделба со додавање етнички чисти албански села кон општини со доминантно македонско население, создавајќи територија со нов доминантно албански електорат?! Иако во рамките на Р. Македонија, со ваквата одлука (заштитена и со клаузули дека не може да се врати на поранешната состојба !) се создаваат услови за идни анектирачки чекори на оваа територија кон соодветната “матична“ земја. И пак - Кој македонски лидери за овој чин што добија како лична “владетелска” надохнада?!


Областите околу манастирот Прохор Пчински по 1945 година Македонија ги изгуби со усмен договор меѓу тогашните комунистички лидери

Сите форми може да се во прашање : политички противуслуги, надохнада во пари или стекнување право на доверителот над залогот во предвидениот рок ?!

2.2. Замена пак на територии најчесто е вршена во колонијалните подрачја :

- 1871 год. Англија ја разменува Нова Гвинеја за Суматра со Холандија,
- 1875 год. Русија ги разменува Курилските острови за Јужен Сахалин.

Има и размена на домашни територии обично при исправки на државни граници меѓу соседски земји ( пр. 1923 год. кралството СХС на Романија и го отстапува градот Жомбол за некои села во Банат)

2.3.Стекнување право на доверителот над залогот во предвиден рок :

- 1469 год.,по неисплатен залог за мираз, норвешкиот крал и ги отстапува на Шкотска, Оркниските и Шетлендските острови;
- 1768 год. заради неисплатен залог Ѓенова и ја отстранувм Корзика на Франција (и денес е во составот на Франција).


Островот Корзика Франција го доби по неисплатениот залог во 1768 година и денес е во нејзин состав

Понекогаш и вршењето право на меѓународна службеност (службеност - “servituti”) може да послужи како облик на прикриена цесија. Така Италија по I св.војна и го отстапува пристаништето Барош на 99 години на кралството Југославија со минимален симболичен закуп, додека вистинската сувереност ја вруши Југославија. Овој случај понекогаш се наведува и како облик на прикриена анексија, при што повеќе се води сметка за припојување на територијата (резултатот) одошто за методот на тоа припојување (договорност, макар е и симболичен откупот).

По договорот за цесија ако територијата не е веќе окупирана , треба да се изврши примопредавање на отстапената територија. Трети држави немаат право да ја забранат цесијата. Ако имаат извесни права според поранешните договори, од тие политички причини можат да не ја признаат, што пак нема никакви меѓународно-правни последици по самиот акт. Сведоци сме дека на Кина и беа вратени Хонг Конг и Макао од Британија и Португалија кои ги управуваа повеќе од 90 години.

(Извори – W. Schatzel, Die Annexion im Volkerrecht, 1921; W. Schatzel, Die Annexion im Volkerrecht, Archiv des Volkerrechts, II тет. 1949; C.C.Hyde, International Law, Chiefly as Interpreted and Applied by the United State, I, второ издание, 1945; Scheuner, Die Annexion im modernen Volkerrecht, Friedens-Warte, III тет. 1949 ; Vojna enciklopedija 1, Beograd 1958 god., str. 150-151)

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 10292 пати
Просечна оцена од посетителите
 4,2 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

петок, 29 март 2024
Моментно посетители: 32

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Св. мч. Пасикрат, Валентион, Јулиј и др
--------------------------------
 Полумесечината симбол од Филип II Македонски
--------------------------------
 Најстарото дрво во Македонија
--------------------------------
 Цесија
--------------------------------
 Св. ап. Тимотеј
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: