Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 9388
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
За Македонија > Единствено во Македонија > Дали знаете дека?
Децимирање – казна десеткување заради малодушност
Сподели на Facebook

Децимирањето (лат.”decimatio” = десеткување) е вид казна врз воени единици дела на кои не можело да им се утврди вистинскиот виновник.

Според Плутарх, во Рим казната децимирање прв ја воведува конзулот Апие Клаудие во 471 год. за време војната против Волска.


Плутарх

Децимирањето се состоело во тоа што со жрепка или пребројување од построената единица се издвојувал секој десетти војник за да биде погубен. Понекогаш е издвојуван и секој трети, шести, осми, поретко дваесетти (“vicesimatio”) или стоти (“centesimatio”) војник, но за сите тие казни се установува заеднички назив - децимирање.

Особено се спомувани децимирањата кои ги врши во I век конзулот Домицие Калвин над римските легии во Шпанија, инаку познат по својата строгост и окрутност. Оваа казна е применувана и во Рим, во време на граѓанските војни и царствата; особено тоа го прават триумвирот Марко Антоние и царот Максимилијан во 303 год. над тебанските легии кои одбиле да убиваат христијани.

Од Рим, децимирањата се пренесуваат и во времето на раниот феудализам. Франачкиот крал Карло Велики (742-814) го предвидува во своите “Капитулариии“ како казна за кукавичлукот и недисциплината. Во развиениот феудализам подоцна се губи заедно со централната власт за да се појави во Новиот век како казна за наемничките армии на раниот капитализам.


Карло Велики

- Роберт Есекс, генералниот гувернер на Ирска, десеткува некои свои единици во 1599 год. заради слабото нивно држење во гушењето на востанието од домородците.
- Леополд Австриски надвојводата, по битката кај Брајтенфелд во 1642 год., дал да се десеткува еден коњички полк, кој прв побегнал од битката.
- Маршалот Креки во 1675 год. го десеткува францускиот гарнизон од градот Трир затоа што капитулирал и покрај спротивните наредби.

И воените правила, артикули и кодекси од Густав II Адолф во Шведска, Петар Велики, Александар I и Николај I во Русија, содржат казна – децимирање.

21.XI.1796 год., Француската револуција, водена од од идеите за лична одговорност, го укинува децимирањето со закон а модерните држави од XIX век, во кои веќе преовладува сфаќањето за армијата како наоружан народ, го исфрлаат децимирањето како казна спротивна на индивидуалната одговорност.

Сепак во случаи каде се јавува потреба за строга дисциплина тоа и натаму се појавува. Наполеон Бонапарта повторно го уведува со наредба од 06.IX.1813 год. а во Шпанија генералот Еспертеро десеткува еден полк заради убиство на еден виш офицер, додека Австрија го задршува во своето воено законодавство (“Militargesetzbuch”) се до I светска војна, но во пракса применуваат други мерки на колективно казнување, пример – праќање на окривената единица во најтежок судир и сл.

(Литература – “Војна енциклопедија“ II, стр.405, Белград 1959 год., печати Графички завод Хрватске, Загреб)

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 8254 пати
Просечна оцена од посетителите
 5 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

петок, 06 декември 2024
Моментно посетители: 39

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Дијадоси – наследници на Александар Македонски
--------------------------------
 Антите како Словени
--------------------------------
 Македонија ограбена ризница на културно наследство
--------------------------------
 Св. ап. Тимотеј
--------------------------------
 Ерменецот роб – најуспешен војсководец на Јустиниј
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: