Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 8827
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
За Македонија > Единствено во Македонија > Дали знаете дека?
Антите како Словени
Сподели на Facebook

Кога се создавала теоријата за “Словените”, покрај другите проблеми кои се нашле пред создавачите на ова теорија, како територијата каде наводно живееле (Карпатите останаа голи претпоставки и хипотези!), се најде и проблемот кои тогашни народи да се вметнат во Словени!

Така се што поминало на просторите околу Карпатите но и пошироко се вметнува во Словени иако никој со никого никаква врска нема. Така и се случи да дури и Бугарите за кои барем е докажано дека се Турско - Татарско племе денес да се вбројуваат во “Словени”! Но ако тоа се прави со нив кои се и денес тука, што се случува со народите од тоа време? Тука особено интересни се Антите и што за нив се изнапишаа теоретичарите.

Така за нив се знае дека се народ кој живеел северно до Црното Море, помеѓу Дњестар и Дњепар, на преминот од стариот во средниот век. Прв ги споменува Јордан, готски историчар од VI век, во врска со продорот на Хуните во Европа седумдесетите години на IV век. Според него, заедно со Виндите, Антите им припаѓале на Венетите. Од 514 год. Антите ја напаѓаат Византија, времиња на преселби и војни, кога и други народи го прават истото (Хуните, Аварите, Печенезите, Келтите, Готите, Бугарите и.т.н). Во 560 год. Антите потпаѓаат под власта на Аварите а по одењето на Аварите во Панонија, Антите се поврзуваат со Византија, служејќи како наемни војници, а некои стигнувале и до повисоки позиции во византиската војска. Така Антот Дабрагез командува со одбраната на Фазис (Севастопол). Последен пат Антите се спомнуваат кај византискиот писател Теофилакт Симокат, кога Аварите завојуваат против нив во 602 год., но не се знае како завршува оваа аварска експедиција.

Каде е проблемот со Антите и заради што Антите си ги вбројуваат во Словени бројните теоретичари на оваа теорија но и други историчари? Имено тие ги сметаат за Источни Словени иако никаков доказ не води ниту го потврдува тоа. Има многу посериозни укажувања на други кои го докажуваат Кавкаско  - алародискиот карактер на оваа племе како едно од Черкезите, дури има трети кои посочуваат дека Антите се иранско (сарматско) племе кое се доселува на северните простори од Црно Море.

(Извори – “Antove”, L. Niederle; “Vestnik kralovske cheske Spolechnosti nauk”, 1909; “Nekaj vprashanj iz dobe naseljavanja juznih Slovenov”, B. Grafenauer)

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 8094 пати
Просечна оцена од посетителите
 4,5 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

четврток, 28 март 2024
Моментно посетители: 33

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Планевите на градбите по македонскиот обичај
--------------------------------
 Докажувањето на младите Македонци од антиката
--------------------------------
 Граница на Христијанството
--------------------------------
 Како макот ги преживеал Македонците
--------------------------------
 Поход на Печенезите во Македонија и нивниот крај
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: