Сепак за македонските антички споменици и локалитети пишуваат E.Cousinery, “Voyage dans la Macedoines”,Paris 1831; A.J.Evans – “Antiquarian Researches in Illyricum”,I V, Westminster 1885. Австриецот Ј.Г.Хан и Французинот Л.Езе утврдувајќи ја положбата на Стоби кон средината на XIX век пишувале и тоа Хан во патописот “Reise von Belgrad nacht Salonik” (Denkschriften,1861), а Езе во студијата “Decouverte des ruines de Stobi” (Revue archeologique, 1873).
При изградбата на пругата Скопје-Солун се пронајдени голем број вредни археолошки наоди и антички споменици кај Стоби, а ги објавиле А.Премерштајн и Н.Вулиќ во “Jahreshefte des Osterreichischen archaologischen Institutes in Wien” (Beiblatt I-II, 1903 ).
Археолошкиот грабеж на Македонија започнува уште од XIX век
Проучувањето пак на македонските предисториски споменици-тумулите, го почнува П.Трегер (1900), а го продолжува Х.Шмит (“Zeitschrift fur Ethnologie”,1901 и 1905).Истражувања ги продолжуваат во 1909 А.Џ.Б.Вејс и М.С.Томпсон (“Annual of the British School at Athens”, 1913 и 1914). М.М.Васиќ бележи дека во 1908 год. почнале, иако невешти, археолошки испитувања во Македонија (“Prahistorische Zeitschrift”,1910). Македонските тумули пред I светска војна и за време на војната подобро се испитани (Г.Вилке во Ебертовиот “ Reallexikon der Vorgeschichte”,VII).
Токму за време на I светска војна се извршени најопсежните ископувања на македонските локалитети. Има специјални археолошки тимови во состав на француските и британските трупи на македонскиот фронт, истражувајќи го и теренот на Егејска Македонија. Се откриваат и многу наоѓалишта на неолитскиот, бронзениот и постариот железен период. Реј тогаш стига до Битола а С.Касон до Берово.Се што е собрано особено големиот број антички споменици се сместуваат во новооснованиот археолошки музеј во Солун (Rey, “ Bulletin de correspodance Hellenique”,1916-1919; В.А.Хертли, “Prehistoric Macedonia”,Cembridge, 1939).
Стоби особено е истражен и испразнет за време на Првата Светска војна, ако и подоцна од туѓинските режими
Истовремено германски археолози (Ф.Кришен и др.), во состав на германските трупи кои логоруваат во Градско (Стоби), откопале две базилики во с. Паликура и го отпочнале ископувањето на катедралата во Стоби. Проучуваат и многу други споменици на Стоби, Демир Капија и нивната околина. Кај Охридското езеро пак меѓу селата Требениште и Горенци, бугарските војници откопуваат седум антички гробови од VI – IV век со пребогат инвентар од македонски златни маски, накити, сребрени и бронзени садови, оружје и други предмети со голема уметничка и археолошка вредност.
Теренот Охрид-Битола од есента 1925 год го испитуваат Хертли и С.Бентон кога се испитани наоѓалишта од бронзено доба. Истиот крај во 1929 год, повеќепати го посетува американска археолошка екипа од Хардвардскиот универзитет.Интерес за македонската почва покажуваат и српските археолози и на тогашното кралство Југославија кои започнуваат интензивни истражувања за што се објавуваат голем број трудови а се полнат и музејските витрини на Белград и Србија (Ќ.Трухелка,С.Радојчиќ, Ф.Месенел,Б.Сарија, Р.Егер,В.Петковиќ, Ѓ.Мано-Зиси. М.Грбиќ,Ј.Петровиќ, Ѓ.Бошковиќ и др.). За наодите се известува во “ Годишњак Српске академије наука“, “Старинар”, “Гласник Српског научног друштва “, потоа во странски списанија и интернационални реферати и конгреси и сл.
Хераклеа како едно од археолошките наоѓалишта на патот Битола - Охрид
Н.Вулиќ во периодот од 1930-1934 год. копа во Требениште и открива уште шест македонски антички гробови со материјал од ист тип како што е оној откриен од Бугарите а открива и група поскромни гробови од тоа време.Помеѓу двете светски војни се копа и во Скупи, Стибера, Хераклеја и се откриваат голем број вредни наоди и споменици и се разбира се се разнесува вон Македонија.