Воената парада е свечена смотра на одредени единици на копнената војска, воената морнарица и военото воздухопловство заедно или поедонечно. Дефилето пак денес е главен дел на парадата, но некогаш бил и единствен, заради што и овие два поими често се поистоветуваат. Главната цел на воените паради е да се прикаже силата, обученоста, опременоста и дисциплината на единиците. Во копнените војски првите паради всушност биле смотри и тоа во војските на стариот век. Највеќе забележени податоци за ова има од Римјаните чии победници - војсководци милувале да приредуваат триумфи.
Но всушност Римјаните ова славење и паради на своите војски го преземаат од Македонците.Железната дисциплина на македонските фаланги, врвната обученост и непобедливоста барале интензивни обуки и постојани смотри, проверки и постројувања воведени од Филип II. Со победите особено над надмоќните дотогаш непријатели, Македонците имале потреба од искажување на своето одушевување, сила и величие. За разлика од грчките градски (полиси) мали и бројно ограничени војски, македонските фаланги биле за она време неброени трупи со воведената општа мобилизација во кои сега се развиени и нови родови (лесна и тешка коњица, лесна и тешка пешадија, инжинерија, логистика, балистиката со фрлачките нови справи и др.).Победниците Македонци покрај другото на овие дефилеа воделе бројни заробенички војници и пленот особено со Александровите победи и освојувања.Единиците при врвењето биле со знамиња и симболи на своите единици, се извикувале поздрави а народот одушевено ги поздравувал своите непобедливи војски.
Покрај другите поголеми градови на Македонија во Александрија за ваквите потреби и намени Македонците градат посебни пристапи и улици. Така до самиот град имало улица со широчина од 4 м. која веќе при влезот се проширувала на 6 м. , но оваа била пристапна улица. Главната улица за паради во Александрија била долга 6 км. а широка 33 м. Тука татнеле македонските фаланги и нивните војсководци – победници долго и по Александар завршувајќи со последната кралица Македонка од династијата на Птоломеите, Клеопатра VII. Се што подоцна се јавува е само имитација и доизведба на македонските паради.
Во средниот век терминот парада првпат се употребува во Шпанија во мањешката терминологија а во Франција дури за време на Луи XIV кога добива нова содржина и означува церемонија која од 1665 год. ја изведувала гардата.
Современите воени паради потекнуваат длабоко од антиката