Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 8828
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
За Македонија > Единствено во Македонија > Дали знаете дека?
Нова обука на аскерот за Македонија
Сподели на Facebook

Во почетокот на XX век во Турција рокот на служење во кадри во турската војска е 3 години, но до младотурската револуција 1908 год. борбената обука е значајно запоставена во однос на строевата обука.

На обуката неповолно влијаел и фактот што меѓу учените турски офицери немало единствени погледи, особено меѓу учените во Германија и Франција. За да се постигне потребната еднообразност во обуката на трупите, организирани се офицерски логори во кои офицерите завршувале 3-месечни курсеви а отворени се училишта за пешадиско и артилериско гаѓање.


Турските високи офицери од постарата генерација не и посветувале доволно внимание на се посовремената обука

И не случајно во големата турска империја, овие офицерски логори се формирани на правецот Тракија - Македонија. Така ако едниот е во Истамбул, вториот во Едрене (Тракија), третиот офицерски логор е во Солун (Македонија). Со ова Турција и најочигледно покажува дека стратешкиот интерес и е опстанокот на европско тло и особено важната Македонија за која се и воведени овие современи обуки низ офицерски логори (никаде низ Турција, ниту во заднината накај Арапите, Ерменија, Египет или подалечниот исток нема ниту еден ваков друг офицерски логор).


Џавид Паша со корпусните офицери на новата генерација турски старешини обучувани по западно-европските школи

Обуката на регрутите е изведувана во единиците од постојани кадри, главно спрема германските правила. И не е случајно ова, Турција сериозна во намерата конкретно да ја осовремени и обучи нејзината војска на европско тло (каде е главно застапени преку Мкаедонија), го ангажира германскиот Генерал Голц како генерален инструктор на воената настава во турската војска. Генералот Голц и навистина постигнува турската војска да почне да се трансформира и обучува, а неговото влијание да се чувствува во сите фази на обуката. Но треба да се има на ум дека тоа го правел во период на сеуште феудални односи како во турското општество така и во неговата војска. Така тој постигнува да дури во 1909 и 1910 год. се организираат првите поголеми здружени вежби и маневри, но до крајот на војната 1912 год., било малку времето да низ обучен процес можат да поминат поголем број регрути и обуката посериозно да се подобри. Особено што сега се вовела и обврзителна служба во турската војска и за регрути не-муслимани кон кои и присутната недоверба. Токму тоа и ќе се покаже како клучно за брзите порази од војските на балканските државички кои напаѓаат за да си ја приграбат стратешки важната – Македонија.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 7820 пати
Просечна оцена од посетителите
 3 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

четврток, 28 март 2024
Моментно посетители: 17

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Браќа по камшик – “флагеланти
--------------------------------
 Австрија во чест на потомството од Мисирков
--------------------------------
 Римската легија и фалангата
--------------------------------
 “Василици” македонски вршници
--------------------------------
 Македонците и ножот
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: