06. XII.1942 год. – кај селото Папрадиште, Велешкиот партизански одред “Димитар Влахов”, беше нападнат од бугарските окупаторски сили.
Настани кои се случиле низ времето поврзани со Македонија и Македонците.
01.XI.1871 год. – во с. Лабуништа, Струшко, роден е Ангелко Крстиќ, македонски романсиер, раскажувач, драмски автор и учител. Најпознат е по романот “Трајан”. Умира во своето родно село Лабуништа на 06 мај 1952 год.
01.X.1891 год. – роден е Ангел Динев, македонски општественик и публицист.
03.IX.1900 год. – во Струга е роден Ристо Крле, македонски драмски писател со дело трајна вредност на македонската литература.
06.VIII.1900 год. – Дамјан Груев, еден од основопложниците и водачите на ТМОРО, беше обвинет и осуден од Османлиската власт за својата револуционерна дејност.
03.VII.1992 год. – Собранието на Р. Македонија ја донесе Декларацијата со која се отфрли делот пак од Друга Декларација – онаа од ЕУ, донесена во Лисабон на 27.VI.1992 год., и во која се условуваше нашата земја со нејзиното уставно име.
Децимирањето (лат.”decimatio” = десеткување) е вид казна врз воени единици дела на кои не можело да им се утврди вистинскиот виновник.
Сите се од седумдесетте апостоли. Св. Сила бил испратен од Ерусалим во Антиохија со Павле и Варнава, за таму да го решат спорот меѓу верните, односно обрезувањето, имено дека не треба да се обрезуваат незнабожците кога преминуваат во христијанството (Дела 15:22).
Во времето на Византиско-македонските царски династии но и воопшто во Византиско време под поимот “кламис”, се подразбирала убава царска наметка.
Најстарото дрво во Македонија е платанот (Platanus Orientalis) од Охрид, кај народот попознат и како чинарот