Не мора презимињата од Руси, Украинци, Полјаци, Чеси и др. од т.н.р “словенска“ група народи (описменета од Македонци, преку СЛОВО-то), но може и од други, кои ќе мораат да се прогласат за “Бугари”, зашто имаат заслужни дејци и учени со презиме на – ОВ.
• Германците треба да се откажат од РИСТОВ ФРИДРИХ (Rustow Friedrich Vilchelm, 1821 – 1878), пруски офицер, стратег и воен писател. Презиме кое многу Македонци го носат па и ние по бугарскава логика ќе може да си го прогласиме човеков за Македонец, покрај нив но и др. “словенски” народи. А нема ништо со нас уште помалку со Бугарите. Ристов Фридрих напишал важни дела од војноисториски, војнонаучен и војнополитички карактер, но во корист на германската наука.
• Во приликава, особено значајни му се делата од историјата на пешадијата (“Geschichte der Infanterie”, Gotha, 1875) но и малите војни (“Die Lehre von kleinen Krieg”, Zurich, 1862). Во делото за воената вештина на XIX век “Die Feldherrnkunst des neunzehnten Jahrhunderts”, Zurich, 1867) ги анализира војните од 1792 до 1865 год. укажувајќи на меѓусебната поврзаност на основните фактори на војната – политиката, оружените сили и воената вештина. Повлекува паралела меѓу воените теоретичари на тоа време особено Клаузевиц и Вилизен а пишува и многу дела за тактиките на војување и војните.
Клаузевиц како воен теоретичар е обработуван во делата на Ристов