Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 9325
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Пропаганда > Државни пропаганди > Бугарската пропаганда во Македонија
ЛАГИ ОД - “ЛАГА ПРВА”
Сподели на Facebook

“Современа Македонија и македонскиот народ – наследници на античка Македонија и античките Македонци“.

Вака ја поставува првата “лага на македонизмот” Божо и веднаш удира да ни ја разјасни во што таа се состоела:

“Историската наука одамна установила, дека античките Македонци се племе од грчка етничка општост, чија територија до IV век пред Христа била во денешна Северна Грција. Во Вардарска Македонија живееле главно Траки и Илири. Државата им е со монархиска форма на управа а владетелите и аристократијата им се со грчки имиња. Уште во антиката имало спор дали Македонците се Грци или не. Едно е јасно дека не се Славјани, какво што е денешното население на Македонија и кои на Балканите дошле во VI век по Христа т.е илјада години подоцна..“

1. ОДГОВОР - Божидар ЛАЖЕ !!!.. кога вели – “ИСТОРИСКАТА НАУКА” “ОДАМНА” установила дека Македонците се Грци ?!

- Пропагандни зборови зад кој се крие во првата реченица се – “ ОДАМНА “ и “ИСТОРИСКАТА НАУКА“ (растегливи и општи категории, зашто колку е ДАМНЕШНОТО – “ОДАМНА” и КОЈА Е “ИСТОРИСКАТА НАУКА” ?!)

-Она што навистина светската историска наука го установила е токму СПРОТИВНОТО – АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ СЕ ЗАСЕБЕН НАРОД со свое писмо, јазик, обичаи и култура.

- Дека МАКЕДОНЦИТЕ СЕ ЗАСЕБЕН НАРОД пишуваат светските учени од новиот век, томови на ова посветиле а Божо ги преќутува – MULLER, MEYER, VASMER, MEILLET, PISANI, CHANTRAINE, BORZA,. .. НЕКА ЧИТА И ЌЕ ВИДИ ОНА ЗА ШТО ОВДЕ НАЈПОДЛО – ЛАЖЕ !!!

- Дека МАКЕДОНЦИТЕ СЕ ЗАСЕБЕН НАРОД пишуваат и учените од антиката од V век п.н.е наваму – ХЕРОДОТ, ХЕСИОД, ТУКИДИД, ДИОДОР, ПОЛИБИЕ, ПЛУТАРХ, АРИЈАН, КУРЦИЈ, СТРАБОН, ЈУСТИН и др. Тие и луѓето од тоа време се во предност пред ова време, зашто пишувале за тогашната фактичка состојба со што ги рушат манипулациите на Божо и др. слични од сегашноста.

- Свесен за ова во четвртата реченица Божо манипулира дека во “антиката имало СПОР дали Македонците се Грци или не “(?!)

- Сега Божо нека ни ја разјасни зошто се негирал самиот кога на почетокот тврдеше дека “Историската наука ОДАМНА установила дека Македонците се Грци “?! (Има ли СПОР или ОДАМНА е установено , нека избере едно и нека е доследен на една глупавост вака е доследен на многу – глупости)

- Пропаганден поим од антиката зад кој пак се крие, е зборот - “СПОР“ (имало спор ?!), кој го нафрла не откривајќи ни ги страните во спорот (барем еден автор од тоа време кој тврди дека Македонците се – Грци?!)

- Напротив - сите антички автори и особено Грчките, ги извдвојуваат Македонците како засебен народ (Грчките не сакаат да имаат ништо заедничко па ги етикетираат Македонците со - “Варвари” и сл.)

• Ако тогаш имало “СПОР “ кога и вистински суштествува македонската античка држава, како може некој денес да тврди дека Македонците од тогаш биле – Грци ?!

• За да си ги подзакрие глупостите, зашто антагонизмите меѓу Македонците и Грците од антиката се и преголеми, Божо уфрла на моменти термин за Македонците -“од грчки етнички супстрат, општост и сл.” а со што го избегнува јасното – Грци ?! Јасно, Божо најдобро плива во нејасното и пропагандните магли.

Демостен за Македонците во Филипиките
- Затоа и бега ниту мисли да го спомне најголемиот Грк (Хелен) Демостен кој како Грк најдобро ги искажа етничките особености и разлики меѓу Македонците и Грците (Хелените) во неговите прочуени Филипики.

- Таму тој јасно нагласи дека Македонците немаат ништо хеленско, ниту пак културно биле некогаш блиски за што таму неможело ни пристоен роб да се купи. Сега Божо ни вади Македонци од грчка општост!?

• Дарвин барајќи некаква историско-еволуциска врска а за да му држи тезата за настанокот на човекот од мајмун, воведе мајмун не било каков но “човеколики мајмун“ сеедно што таков до сега никој и никаде не нашол.

• Божо го копира Дарвин кога за да му држи тезата воведува термин – “грчки етнички супстрат” т.е – “Македонец ама Грк” (ова може да се доразвива понатака во – “Грколик или Гркороден” Македонец или сл.?! ), сеедно што таков досега не е најден. Напротив јасно одвоени и толку спротивставени два ентитети од антиката до денес, како ретко кои други.

- Разбирливо е сега зошто на Божо му е потребно и она во втората реченица кога вели “Во Вардарска Македонија живееле ГЛАВНО Траки и Илири”(?!)

- Пропаганден збор зад кој се крие тука е “ГЛАВНО” (пак една растеглива категорија, зашто колку е тоа ГЛАВНО- 10, 30, 90 % ?!). Се разбира се може да живеело во Македонија и Траки и Илири само не – Македонци ?! Зошто ?!..оти така на Божо му одговара за пропагандата да му успее.

- Тоа што токму од таа Македонија тргнаа Македонци кои освоија скоро 3,8 милиони км2 од земјината топка и во историите на сите освоени земји (но и во Библијата) влегоа не како Траки и Илири но како Македонци, за Божо ниту е видливо ниту е важно?!

- Слично на ова е и манипулацијата од следната реченица кога вели :
“Државата им е со монархиска форма на управа а владетелите и аристократијата им се со грчки имиња”.

- Зошто му е потребен моделот на управа? – Очигледно за да се врзе за дел од имињата на владетелите и аристократијата, за кои тврди дека се “Грчки “ и од тоа да си вади Грчка еднородност! (имиња како на владетелите се среќавале и кај грчки полиси).

- Според теоријата на Божо сите кнезови, кралеви, цареви и аристократи сеедно што се Руски, Шпански, Британски, Француски и.т.н. а што носат имиња – Александар, Филип, Димитриј, се всушност – “Грци”?!

- Ги погрчува иако добро знае дека и тогаш се давале имиња спрема регионални и познати божествата. Требало да знае дека личните имиња немаат врска со етничките особености туку повеќе со религиозните. Божидар, Стојна, Горазд не може да се најдат во антиката но може денес кај мн. други Христијански народи. Исто било и во антиката - имињата биле во склад со тогашните божества кои биле идентични кај повеќе антички народи од одреден простор. Некои од тие имиња ни останале, денес во Македонија најчесто машко име е Александар, следно е Филип, а има и Теодор, Дионис, Аристотел, Филимена и други. Но во Македонија името Александар било најчесто машко име и на почетокот од XIX век како што забележал Виктор Григорович.

- Божо со ова доаѓа во позиција и сопствената историја да си уништува само да наштети на туѓа. Според неговата теза тогаш ни тој не е Бугарин зашто владетелите и аристократијата од хан Телец, хан Кубрат и др. старо - Бугари носеа имиња кои денес ретко кој Бугарин ги носи а заради преминот во Христијанство.
Америго Веспучи

- Да не одиме пак до денешното модерно поимање на нации и народи според лични имиња, што
ли ќе остане од тезата на Божо. Денес за Божо и за сите нас се факт Американците како ентитет- “американски народ”, иако се крстени според личното име на Португалски морепловец – Америго Веспучи (?!) и иако се од најразлични вистински етникуми.

- За Божо Американците не се спорни, иако се дојдени од различни краеви на светот и се само два века профилирани како такви, но спорни се Македонците кои и пред 3 000 години и денес се на истата почва и со истото име – Македонија и Македонци?!


- Но за да ја дозаокружи својата пропагандна идеја Божо во последната реченица од цитатот вели:

- “Едно е јасно дека не се Славјани, какво што е денешното население на Македонија и кои на Балканите дошле во VI век по Христа т.е илјада години подоцна...“

- Словенството Божо го уфрла како национална категорија и прави замена на категории, зашто истото е – социјална категорија (просветителско - црковно прашање), па прави нови замаглувања.

- Теоријата за Словените кои “најверојатно живееле зад Карпатите и со трски дишејќи го преминале Дунав“, денес веќе е неодржлива зашто сериозни авторитети научно ја дисквалификуваат како таква (види на сајтов во обемна посебна тема за Словенството).

- Но и да се прифати оваа теорија за доаѓањето на Словените, Божо пак прави криенка, имено ни ги крие – античките Македонци, слично на комунистичката историја ги снемува – изгинале?! (демек многу народи преселби и сл.)

- Кога прецизно и како Божо не мора да објаснува, битно е нив да ги снема за да држи тезата. По краткиот осврт што направиле Филип, Александар и наследниците до падот под Рим ,еве како тоа тој го опишува :
“... Тие (Македонците) се безмилосно изчистени од т.н. Варварски налети на Готи, Хуни, Авари, Славјани, Бугари, кои ги напаѓаат балканските земји меѓу средината на III и VII век по Христа, т.е во текот на 400 години.“

- Зошто Божо БЕЗМИЛОСНО ги исчистува античките Македонци и зошто го проширува периодот (400 години) и територијата (сите Балкански земји и кои се ги напаѓал)?

Авари во поход

- Ако се сеќаваме Божо тврдеше дека е “јасно оти во Македонија живеат Славјани”, кои сега ги дополнува со Готи, Авари, Бугари, Хуни и безмилоста нивна. Но од сите нив само Словените останале во Македонија?

- А според теоријата за “Словенското населување” од втората половина на VI и почетокот на VII век ,јасно е дека ја “пословенуваат “ Македонија за некакви 50-70 години ( нека се и 100)?! И ако ги споредиме овие временски рамки, се наметнуваат прашањата:

- Како Македонија се Словенизира за 50 - 100 години, особено и заради следните прашања?

– Како за 300 – 350 години Македонија не се Готизирала, Бугаризирала, Хунизирала или што се не – “...зирала”, а што дошло пред Словените и кои не биле похумани од нив? Или...

- Како пак Македонија не се Латинизира или Србизира за време наредните вековни ропства по Крстоносните и Српски освојувања?! И на крај прашањето ...

Вековен ништеж и терор над Македонците
- Како Македонците не се Турцизираа за 560-70 години Турско ропство кога не при налет на варвари но при постојан терор и на тоа надоврзани веднаш ништежите од Балканските и следни војни, но останаа пак Македонци?!

- Но Божо не би бил Божо ако не би продолжил да се закопува во сопствените лаги па така тој продолжува:

“За 2-3 години т.н. Варавари, излегувајќи од денешните руско - украински и романски рамнини, ги напаѓаат териториите на југ од Дунав, ги испоубиваат мажите, ги одвлекуваат жените, децата, земаат огромни стада добиток и др. пљачка, палат и рушат градови и села. Отселените антички жители на античките провинции Мизија, Тракија и Македонија ужаснати бегаат на југ во големите и никогаш непревземени утврдени градови Константинопол и Солун“.

- Што да се каже на ваквата наука од типот ти реков-ми рече и со никаков историско извор, факт потврдена. Значи кај Божо мажите се испоубивани, жените и децата одведени а античките жители УЖАСНАТИ бегаат на југ во никогаш непревземените утврдени градови Константинопол и Солун?!

- Сега БОЖО ПАК ЛАЖЕ – Зашто ако првиот дел од реченицата му е желбено - претпоставувачки дека баш така станало, во вториот дел најгрубо лаже знаејќи дека токму тука се крие и вистината.

- Имено сваќајќи дека од овие два града постојано и во секој век се спомнуваат во Византиските

Крстоноците освојуваат

Хроники – Македонци, македонскиот народ и сл. термини и тоа како доминантен народ, тој ги прави дека никогаш не биле освоени што е најгруба лага. Напротив многупати се освојувани, па пак останале – македонски. Солун кој во сите Византиски Хроничари се пишува како – “македонската метропола”, “големиот и прв град на Македонците”, град на “тамошниот народ македонскиот” и сл. е освојуван и од Бугарите, и од Норманите и од Арапите (904 год.), Крстоносците и Латините и од Србите па се до Турците а исто или слично е и со Константинопол, па народот пак си остана истиот – не се смени!

- За да не го оставиме Божо во заблуда нити да доведува други во заблуда дека античките Македонци од III до VII век под налетот на Готи, Хуни, Авари и кој се не, биле “исчистени” од Македонија, го упатуваме на еден извор и тоа од крајот на IX век (два века по наводното “снемување” на Македонците, според Божо).

Уште поинетересно е што се работи за градот Софија (тогаш Сердика) во кој види интересно авторот одвоено како жители на Сердика разликува и спомнува само – “Македонци” и “Бугари”(?!).

Се работи за нападот на Унгарскиот војвода Арпад по 896 год. забележан од нотарот на Бела III (1172 – 1196 год.) во – Anonymi (P. Magistri) Gesta Hungarorum, Sciptores rerum Humgaricarum tempore ducem regumque stirpis Arpadianae Gestarum. Vol. I (Edendo operi praefuit E. Szentpetery), Budapestini 1937, p. 91, 92. По што е овој пример интересен?

Арпад, хунски војвода ја освојува Сердика (Софија)

Интересно е овој извор до каде се ја бележи Македонија и Македонците, земја и народ кои Божо ги брише набрзина векови пред тоа. Но не и изворот, во кој стои дека Арпад пратил војсководци да ја потчинат Грција но од таму и “ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА ОД ДУНАВ ДО ЦРНОТО МОРЕ“?!

Интересно е што дури и во крајот на XII век под Македонија се подразбирале териториите на југ до Грција на север до Дунав и на исток до Црно Море, но уште поинтересно е за народот за кој изворот вели:


Сердика (Софија)
- „Откако поминаа неколку дена, Зуард и Кадузе (војсководците на Арпад – з.н ) со сета своја војска ја препловија водата на Дунав и ја зазедоа тврдината Берон (денешно Костолац –з.н). Потоа отидоа кај тврдината Сердика (Софија – з.н). Слушајќи го ова ГРАЃАНИТЕ БУГАРИ И МАКЕДОНЦИ (во оригиналот - CIVES BULGARORUM ET MACEDONUM) многу се исплашија од нивниот изглед...“.

Сега што правиме?! – Божо и Б`лгарите имаат проблем !

1. Тврдеше дека ги снемало Македонците уште порано, а еве – ги има многу подоцна.

2. Тврдеше дека, заживеале Словени кои на Балканот дошле во VI век , но еве Македонци дури и во Софија и дури во IX век?!

3. Македонците ги правеше “Грци”, но за Грци од Дунав уште помалку Софија, тешко дека ќе убеди некој. Уште и авторот вели “Македонци”, ако биле Грци ќе ги именувал така, (штом ја спомнал и Грција)!

4. Ако се вади на тематското именување со “Македонија” на дел од југозападна Тракија”(Одринско) и тоа не држи зашто земјите во Унгарскиот документ се далеку од Тракија и Пловдив
(особено жители на Софија, која спаѓа во сосем друга тема)!

5. И незгодното за Божо и Б,лгарите – Како во Софија ОДВОЕНО се јавуваат МАКЕДОНЦИ од другите именувани како БУГАРИ?! Особено ако “се си едно”?!


6. Останува и опцијата да Унгарците се испомешале и криво именувале. Но белким најголемиот тогашен освојувач Арпад, не одел на ќораво да не знае со кого војува и кого освојува и до каде е противникот, да не ги разграничува народите, земјите и градовите?!

7. Ова е интересно оти го крши и правилото на Бугарите кога за Македонија ќе се сретне тематско именување со терминот “Вулгарија” веднаш да тврдат дека Македонците се Бугари само заради тоа. Сега ако и ние ја разбираме историјата како Божо, можеме да заклучеме дека штом се до Црно море е именувано со “Македонија”, тогаш тоа е македонска земја и особено што среќаваме и масовно присуство на Македонци во Софија?!


Со ова му се одговара и на другите глупости од Божо кој под “Лага Прва”, ги сели Македонците во некои полиња на Тракија во VI век каде седеле се до 1922 год.(XX век), кога пак ги преселиле во Грција(?!). Колкава е ова глупост неодржлива си зборува самиот Божо особено при крајот:

“Од VI до XVI век Македонија ќе биде нарекувана територијата меѓу Одрин и Цариград /Истамбул/. Соодветно и населението ќе биде нарекувано “македонци“. А самата Македонија или делови од неа ќе бидат нарекувани со други имиња – Кутмичевица, Керамиско поле, тема “Б`лгарија“. ЈАСНО Е (з.н) да останатите и антички жители БИЛЕ ПРЕСЕЛЕНИ (з.н) во плодородните полиња на денешна источна Тракија “

Од што е ЈАСНО, Божо не ни открива, па останува ова како негова ПРЕТПОСТАВКА ама – “ЈАСНА”?!
Ако е “ЈАСНО” од ИМЕНУВАЊАТА на темите, тогаш дури НЕ Е ЈАСНО! Именувања и поимања низ историјата доживеале различни земји особено низ средновековието. Затоа и разбирливо што Божо не се осудил да каже како се е именувана негова Бугарија, но наведувал само за Македонија?!

Оти ако тргнеме од логиката на Божо, а читајќи го предходниот Унгарски извор ние Македонци можеме да наоѓаме од Грција на југ Дунав на север и Црно море на исток. Уште повеќе што и Тракија со Одрин кај Божо цели 10 века се викале – “Македонија” и по пат на БОЖИНА ЛОГИКА да велиме – “ЈАСНО Е”.


И пак за својот поглед на историјата Божо ќе рече дека тоа било установено од “илјадници Европски, Американски, Руски, Бугарски учени за историјата на и судбината на античката македонска држава и античкиот македонски народ”. Редејќи вака само заборавил пак да ни спомне барем некој освен Бугарските од кои последниве и не мора знаејќи што можат да пишуваат.

- Крајот на “Лагата прва”, Божо ја привршува со тоа што Глигоров рекол дека Македонците се
Киро Глигоров
“Словени” и немаат ништо со античките Македонци! Но многу интересни се Бугарите кога во други контексти - Глигоров, Колишевски и другите од Титово време не ги признаваат и ги нарекуваат “Србокомунисти” со се што како засебна политика и историја воделе своевремено.

- Сега е нејасно како тоа одеднаш е важно и сигурно тоа што го рекол Глигоров или некој од тоа време и ков. Та нели е многу нормално “Србокомунист” да не признава друго потекло освен “Словенско”, заради “Братство и единство” ако не за друго. Но кога на Божо очајно му треба накаков “факт”, а го нема, тогаш добра е било каква сламка, сеедно што ќе го удави.

- На самиот крај Божо се сити на Македонското привремено име во ООН – “ФИРОМ”, кое ми ти било заради “ ВЛИЈАТЕЛНИТЕ ПОЛИТИЧКИ И ИНТЕЛЕКТУАЛНИ КРУГОВИ на запад од Поешево“. Ќе заврши со тоа деак светот не бил така доследен како “мајка Б`лгарија кон кражбите на историјата, која ја призна Македонија прва и тоа по уставното име“(?!)

- И што сега на овој Б`лгарски бисер да му се прави. Прво избегнува да зборува под кое име и навистина сме признаени од најголемиот број земји, заради и што му било потребно полето на ООН.

- А таа - ООН е само една од стотиците организации и видови на организирање oд државите ширум светот. Најбитното и кое го избегнува е како државите не признале и токму затоа иако се членки на ООН и САД и Русија и Кина и Канада и близу 120 држави, не признаа под уставното име и јасно НЕ ИДЕНТИФИКУВАЛЕ. Но тоа на Божо не му одговара па не го зборува.

- А за она по кој знае кој пат повтореното дека Бугарија ПРВА не признала е само блед обид да се придобие нешто, иако јасно е од кои цели тоа беше направено и тогаш. Занесени тогаш дека на нив “милите братја Б`лгари”, ние Македонците сами ќе им влетаме во прегратка, неспособни сами да се владееме. Но преварија се Бај Гањовци!

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 6534 пати
Просечна оцена од посетителите
 4,07 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

сабота, 09 ноември 2024
Моментно посетители: 50

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Јасриб – е првичното име на Медина
--------------------------------
 Ерменецот роб – најуспешен војсководец на Јустиниј
--------------------------------
 Заслугите на Анастасие I за градбите по Македонија
--------------------------------
 Децимирање – казна десеткување заради малодушност
--------------------------------
 Воениот плен кај Македонците
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: