- Нешто пред конгресот ИК на ИОП организира две важни акции – акции за помош на жртвите од поплава во Кина (повеќе од 80 000 000 гладуваа) и з апомош на безработната младина на Германија.
- На Конгресот се делегации од 40 (четериесет ) земји – Австралија, Северна, Централна и Јужна Америка, Кина, Јапонија, Кореа, Индија, Индонезија, Индокина, Источна и Западна Африка, Египет, СССР и сите Европски земји.
- На овој грандиозен Меѓународен Конгрес се присутни повеќе од 1000 делегати од кои 250 со советодавен глас, 250 делегати на Организациите на ИОП, а 200 делегати од работниците, 300 останати делегати се по половина од останати организации и интелектуалци – Професори, политички личности, уметници, писатели и новинари.
- Балканот е претставен со – Романија – 5 делегати, Југославија – 1 делегат, Грција – 2 , Бугарија – 1 и Револуционерните организации од Балканот со – 3 делегати.
- од името на Балканските делегати се обраќа Димитар Влахов и поднесува Резолуција, која ја усвои Конгресот.
Во РEЗОЛУЦИЈАТА меѓу другото стои:
“...Конгресот се спротивставува на диктатурата на Венизелос, кој се повеќе и повеќе употребува нечесни методи на натиск и по ѕверски начин ги потчинува Македонците, Тракијците, Албанците, Евреите и останатите поробени народи.
Ја жигосува Бугарската влада, која отворено ги поддржува бандите на убијците на Михајлова, пљачкашите на македонскиот народ и убијците на неговите водачи....“
Значи овде во оваа Резолуција на VIII Конгрес на ИОП од 1931 год., ТРАКИЈЦИТЕ СЕ НАБРОЈАНИ КАКО ЗАСЕБЕН НАРОД покрај другите поробени народи под Грција.
Оваа резолуција и со додатна телеграма и до Претседателот на Народното Собрание на Бугарија (до Софија) и Барање од името на 18 000 000 членови на ОИП да се даде веднаш безусловна амнестија за сите политички затвореници и емигранти во Бугарија како и укинување на Законот за заштита на државата е потпишана од:
Претседателот на Конгресот Аболин, од борецот за женските права –Клара Цеткин, од германскиот пратеник Вили Минценберг, од Клеменс Дит- Индија , Том Ман - Англија, Кујате – Африка, Герл Јохансон – Данска, Салцберг – САД, Проф. Неједли – Чехословачка, Мисиано – Италија, Кетлер – Аустрија, Анри Барбис – Франција, Марија Фернандес – Уругвај , Техер – Египет, Девони – Франција, Георг Ледебур, Проф. Алдонс Голдшмит, Тодор Павлов – Бугарија, Абдул Меџит – Индонезија, Луис Веласкез – Шпанија, Чанг – Кина, Де Тисер – Золандија, Георг Диниг Хаус - Германија.