Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 7432
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Пропаганда > Државни пропаганди > Бугарската пропаганда во Македонија
Едуар Дифур (Edouard Dufour, Швајцарија)
Сподели на Facebook
Едуар Дифур е роден во 1872 год. во Женева каде што го стекнал и целокупното свое образование. Помеѓу 1895 год и 1912 год. Дифур постојано патува на релација Европа - Америка по разни места низ кои престојува.
Едуар Дифур
Од 1898 год. до 1903 год. Дифур е пастор во Белгија, а потоа ги проучувал социјалните општествени прашања. На ова поле во 1913 год. Дифур и докторира (како Доктор по социологија). По ова тој е приватен Доцент на Факултетот за економски и социјални науки на Женевскиот Универзитет (во периодот од 1913-1918 година). Активен е и во општественото организирање како угледен член на разни друштва. Така, во Женевското друштво на читатели, тој е библиотекар, од 1920 год. е во Женевската социјалистичка партија а е и дописник-соработник во неколку швајцарски списанија од Женева и Во.
Што Дифур вели во одговорот на анкетата од ”Балканска Федерација”?

“… Каква ќе биде судбината на МАКЕДОНЦИТЕ? Таа судбина, што делумно зависи и од нив самите, е конституирањето на автономна Македонија во која ќе се соберат оние несреќници за кои знаеме на каков начин се разделени и угнетени. Изгледа дека прв услов за да се постигне тоа е Внатрешната македонска револуционерна организација, ВМРО, ДА ПРЕСТАНЕ ДА БИДЕ СЛЕП ИНСТРУМЕНТ НА БУГАРСКАТА РЕАКЦИЈА И, следствено на тоа, да им ПОДАДЕ РАКА НА ФЕДЕРАЛИСТИТЕ И НА ВЛАХОВ ШТО ЕДИНСТВЕНИ ГИ СФАЌААТ ВИСТИНСКИТЕ ИНТЕРЕСИ НА МАКЕДОНЦИТЕ. Повторувам : тоа ќе биде првиот чекор кон создавањето на автономна македонска држава. Зар силата не била одсекогаш во заедништвото?

или во оригиналот:

“… Quel sera le sort des MACEDONIENS? Ce sort, qui depend en partie d`eux-memes, je le vois dans la constitution d`une Macedoine autonome, ou se grouperaient ces malheureux, disperses et opprimes de la facon que l`on sait. Pour y parvenir, la premiere condition serait, me semble-t-il, que l`organization revolutionneire interieure macedonienne, l`O.R.I.M., cessat de se faire l`aveugle instrument de la reaction bulgare, et par consequent tendit une main fraternelle aux federalists et a Vlakoff, qui seuls comprennent le veritable interet des MACEDONIENS.
Je repete : ce serait le premier pas vers la formation d`un Etat macedonien autonome, L`union ne fait-elle donc pas toujours la force? “


Факти кои се наметнуваат од писмото:

1. Дифур е прецизен кога вели дека Македонците како народ се разделени и угнетени од своите сосетки (и тоа на начин за кој сите знаат каков).

2. Разделеноста и угнетувањето се токму тоа а најмалку се некакво “обединување” или “ослободување” како што сакаат и со кое всушност оправдание и ја започнаа војната нејзините оссетки.

3. Дифур загатнува и друг момент кога вели дека судбината на Македонците делумно зависи и од нив самите а за што како прв услов го гледа тогашната ВМРО со која раководи Ванчо Михајлов да престане да биде слеп бугарски инструмент.

4. Дифур јасно предлага помирување на оваа ВМРО со останатите револуционерни македонски организации како Федеративната партија основана уште од Сандански, како и новата ВМРО (Обединета) на Димитар Влахов како партии со чисто македонски национални интереси.

5. Со ова, Дифур е уште еден од позначајните општественици на Европа кои уште во 20-тите години на XX век јасно го увидуваат основниот проблем во борбата на македонскиот народ за своја национална слобода.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 3470 пати
Просечна оцена од посетителите
 3 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

недела, 28 мај 2017
Моментно посетители: 7

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Преп. Петар Атонски
--------------------------------
 Првото нуркачко ѕвоно на светот од Македонците
--------------------------------
 Македонците први за воен род – коњица
--------------------------------
 Преп. мајка Синклитикија
--------------------------------
 Реонот на Алшар со единствени рестенија
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: