Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 9272
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Пропаганда > Државни пропаганди > Бугарската пропаганда во Македонија
Саркис Канојан (Sarkis Khanoyan, Ерменија)
Сподели на Facebook
Саркис Канојан е роден во Тифлис, Ерменија во 1877 год. Средно училиште завршил во родниот град, а универзитет во Петроград.
Саркис Канојан
Уште во младешки години бунтовен по природа поради својата субверзивна дејност во Ерменија е затворен во занданите на царска Русија во градот Ереван. По ова (1903-1904 год.) активен е во социјал-демократската партија па соработува со тогашни колеги од сопаталечки народи и партии како грузискиот каде е тогаш младиот Сталин но и другите народи и нивни личности како Каменов, Красин, Џапаридзе, Мика Тасакаја и др. (последниов во 1929 год, Претседател на Транскавкаската федерација).

Иако припадник на социјал-демократијата Канојан по Октомвриската револуција е еднакво прогонуван и од царистичкиот деспотизам но и од новиот поредок – комунизмот, особено од меншевиците и Дашнаките (меншевиците се на власт во Грузија а вториве во Ерменија). Тој брзо ја увидува трулоста на новиот комунистички поредок во Русија особено со политиката на селскиот колхолзски задружен систем па е еден од главните организатори на селанска буна во Душета. Заради ова Канојан е осуден на смртна казна па е принуден да пребега од Ереван во 1919 год. Но, и во родната Ерменија е непожелна личност па во 1920 год. е фатен и затворен во затворот на Ленинакан (Александрополис).

По ова се врши советизација и средувањето на приликите, западните земји конечно ја признаваат новата руска реалност па не испраќаат свои сили да го рушат режимот кој сега настојува да се среди внатрешно. Со ова и Канојан по советизацијата на Транскавказјето како поранешен искусен припадник на социјалистичкото движење сега е вклучен преку бројни високи функции во владата на Ерменија. Така, од 1921 год. Канојан ги води владините финансии на Ерменија а нешто подоцна е и Претседател на ИК на Транскавкаската федерација и член на ИК на Советскиот Сојуз.

Покрај државните функции, Канојан е и значаен новинар но и остроумен литературен и политички критичар. Така на прашањата од Балканска федерација за статусот на македонскиот народ и воопшто приликите на Балканот тој вели:

“Македонија, распарчена по волјата на големите сили, и покрај својата херојска борба за слобода, денес СТЕНКА ПОД ТЕШКИОТ ЈАРЕМ НА СРПСКАТА, ГРЧКАТА И БУГАРСКАТА ВЛАДА. Буржоаската власт, олицетворена во новосоздадените балкански држави, не само што не е способна да го реши македонското прашање, како ВНАТРЕШНО ПРАШАЊЕ, туку, напротив, на најсрамен начин ги погази основните човечки права на македонските маси“

или во оригиналот:

“La Macedoine, depecee par la volonte des puissances imperialists, malgre la lutte heroique d`affranchissement de son people, gemit aujourd`hui sous le somber joug des gouvernements srebe, grec et bulgare. Le pouvroir bourgeois, en la personne des nouveaux Etats crees dans la Peninsule Balkanique, non seulement a ete incapable de resoudre la question macedonienne comme question interieure, mais, au contraire, a pietine de la facon la plus infame les droits humains elementaires des masses macedoniennes“.

Факти кои се наметнуваат од писмото:

1. Канојан јасно ги посочува виновниците за несреќата на македонскиот народ, тоа се – Србите, Грците и Бугарите кои ја распарчуваат меѓу себе Македонија.

2. И поконкретно, ги оптужува алчните влади на овие новосоздадени држави-сосетки под чии јарем сега стенка македонскиот народ чии осоновни човекови права најсрамно се погазени.

3. Затоа и јасно го трга од сосетките македонското прашање како “внатрешно“ прашање на самите македонски народни маси, толку различно од нивните интереси.


Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 2556 пати
Просечна оцена од посетителите
 1 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

петок, 11 октомври 2024
Моментно посетители: 106

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Преп. Теофил исповедник
--------------------------------
 ”Алшар”– единствено наоѓалиште во светот на…
--------------------------------
 “Бесмртните” усмртени од македонската фаланга
--------------------------------
 Филип и Александар, најчести имиња во Македонија
--------------------------------
 Македонците први за воен род – коњица
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: