Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 9246
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Пропаганда > Државни пропаганди > Бугарската пропаганда во Македонија
Петар С. Коган ( Русија)
Сподели на Facebook
Петар Коган е роден во провинцијата Вилна, во 1878 год. Студирал филологија на Московскиот универзитет а се стекнува и со понатамошни наобразби и искуства.
Петар С. Коган
Така, подоцна станува и приватен доцент на катедрата за западна книжевност на Петроградскиот универзитет во царска Русија. Подоцна е професор на Првиот Државен универзитет во Москва, Претседател на научно-уметничката секција при Државниот совет и Претседател на Државната академија на убавите уметности.

Како истакнат руски научник - експерт за западната книжевност напишал и голем број дела од кои поважни му се: “Студии за западните книжевности“ (три тома), “Романтизмот и реализмот во европската книжевност“, “Студии за историјата на најновата руска книжевност“ (четири тома), “Краток увид во историјата на старогрчката книжевност“, “Книжевноста на големата декада (историја на руската литература) и.т.н. Во однос македонскиот народ во својот одговор на прашањата од анкетата за “Балканска федерација”, тој вели:

Ситуацијата во која се најде МАКЕДОНСКИОТ НАРОД е најфрапантен доказ за хипокризијата што се наоѓа во основата на современата цивилизација. Државниците на оние земји што во нашево време и даваат тон на меѓународната политика непрекинато рецитираат фрази за хуманоста, за правото на народите за самоопределување, за слободата и за правдата, додека пред очите на цивилизираниот свет се врши една монструозна неправда.

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД е распарчен на три дела. СЕ ОБИДУВААТ ДА ЈА ИЗБРИШАТ НАЦИОНАЛНАТА КУЛТУРА НА ЕДЕН НАРОД ШТО ПОСТОИ ИЛЈАДНИЦИ ГОДИНИ. Пред очите на оние што се прокламираат како заштитници на малите народи се затвараат училишта, се укинуваат весници; го прогонуваат мајчиниот јазик на луѓето што се виновни само затоа што сакале да живеат според своите обичаи, да зборуваат и да размислуваат како што им се чинело дека е најдобро.

Ме прашувате како може да им се стави крај на страдањата на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД. Постои само еден начин за укинување на нсилството. Тоа е оној начин што руските работни маси успешно го применија пред десет години. Веќе не верувам во убави зборови. Не верувам дека моќните пљачкаши кога и да е ќе се откажат од својот егоизам и од својата алчност, дека ќе бидат трогнати или дека ќе им се разбуди совеста од зборовите на најдобрите претставници на духот на талентот кои веќе се зазедоа за угнетените нации.

Слатките зборови во устите на денешните државници ги кријат лагите и подготовките за нова светска војна и за ново угнетување на слабите. Има само еден пат до слободата – организирана борба. Експлоатираните и угнетуваните од целиот свет треба да се организраат, да се обединат и да ги победат насилствата од секаков вид. Таа борба ќе избувне и длабоко сум убеден дека МАКЕДОНСКИОТ НАРОД во неа ќе одигра многу значајна улога. “



во оригиналот:

”La situation dans laquelle se trouve le PEUPLE MACEDONIEN est la prevue la plus frappante de l`hipocrisie a la base de la civilisation contemporaine. Les homes d`Etat des pays qui de nos temps donnent le ton a la politique internationale, repetent a tort et a travers des phrases sur l`humanite, sur le droit d`autodetermination des peoples, sur la liberte et la justice, tandis que, aux regards du monde civilise, une injustice monstreuse se commet.

Le PEUPLE MACEDONIEN est depece en trios fractions comme un animal aphone. On s`efforce a effacer la culture nationale du people comptant une histoire millenaire. Devant les yeux de tous ceux qui se proclament protecteurs des petits nations, on ferme les ecoles, on supprime les journaux; on persecute la langue maternelle des gens coupables seulement d`avoir voulu vivre suivant leur coutumes, parler et penser comme bon leur semble.

Vous me demandez par queil chemins on pourrait mettre fin aux souffrances du PEUPLE MACEDONIEN. Il n`y a qu`un seul chemin vers la suppression de la violence. C`est le chemin que les masses traveilleuses russes ont suivi avec success, il y a dix ans. Je ne crois plus en les bonnes paroles. Je ne crois pas que les puissants pillards veuillent renoncer jamais a leurs egoisme et avidite, qu`ils puissant etre touches, ou que la conscience se reveille en eux sous l`influence des paroles des milleurs representants de l`esprit et du talent qui ont deja pris la defense des nations opprimees. Les doucereuses paroles dans les bouches d`homes d`Etat contemporains dissimulent le mensonge et egarent sur les preparatifs d`une nouvelle guerre mondiale et s`une oppression nouvelle des faibles. Il n`y a qu`une seule voie vers la liberation – c`est la lutte organisee. Les exploites et les opprimes du monde entire doivent s`organiser, s`unir et vaincre les voilences de toute nature. Cette lutte va eclater, et je suis profondement convaineu que le PEUPLE MACEDONIEN y jouera un role de grande importance.“

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 2353 пати
Просечна оцена од посетителите
 1 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

четврток, 03 октомври 2024
Моментно посетители: 44

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Чудната царица Теодора
--------------------------------
 Академија – историјат
--------------------------------
 Свешт. мч. Игнатиј Богоносец
--------------------------------
 Св. Евстатиј архиеп. Антиохиски
--------------------------------
 На една минута Македонија во 50 Библии
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: